НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкендија пред мечот со Тракаи: Да почнеме овде, да запечатиме дома

0
By Нова ТВ on July 27, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Литванската престолнина Вилнус е третата станица на европскиот пат за фудбалерите на Шкендија во ова лето. Тетовци, попладнево (18,30 ч.) на стадионот „ЛФФ“, му гостуваат на Тракаи во првиот натпревар од двомечот за плеј-оф во УЕФА Европа лигата. Нивните домаќини можеби немаат меѓународно педигре за восхит, но важат за амбициозен клуб кој од година во година ја подигнува летвичката на квалитети и амбиции, па оттука и искажаниот респект во најавите од „црвено-црниот“ табор.

„Сакаме поволен резултат и се надевам дека ќе успееме во таквата намера. Оптимисти сме дека овде можеме да почнеме да градиме ново учество во плеј-офот за Лига Европа, а дома да го запечатиме. Имаме респект за екипата на Тракаи бидејќи не случајно е каде што е. Но, нема премногу да се оптоваруваме со нив, фокусирани сме на нас, на нашата игра и на исполнување на замислите на тренерот“, порача Ферхан Хасани пред петтиот настап на македонскиот вицепрвак во Европа ова лето.

Традицијата покажува дека сите четири македонско-литвански клупски пресметки досега завршија без победник. Шкендија нема пораз во средбите со молдавска Дачија и со Хелсинки меѓутоа го нема ниту Тракаи на домашен терен во меѓународните настапи. Литванците само трета сезона се дел од Лига Европа и воопшто натпреварувањата на УЕФА. Дебито го имаа во 2015/16 кога го минаа Торшавн од Фарски Острови (3:0, 4:1) по што беа елиминирани од Аполон Лимасол (0:0, 0:4), лани загубија од естонски Номе Калју (2:1, 1:4). Ова лето стигнаа најдалеку покрај шкотски Сент Џонстон во првата рунда (1:0, 2:1) и Норшепинг од Шведска во втората (2:1, 1:2 – на пенали 5:3).

„Фудбалот се игра за голови. Се надевам дека ќе имаме прилика да се радуваме барем на еден. Дуелите со Дачија и Хелсинки ни влеваат оптимизам и верба дека можеме да постигнеме и овде во Вилнус. Со победа, секако, би бил најзадоволен меѓутоа задоволството ќе биде присутно и со нерешен резултат со погодоци“, истакнува Ќатип Османи.

Лига Европа/квалификации/3 коло/први мечеви

Денеска играат

Млада Болеслав (Чешка) – Скендербег (Албанија)

Олимпик Доњецк (Украина) – ПАОК (Грција)

Тракаи (Литванија) – Шкендија (Македонија)

Макаби Тел Авив (Израел) – Паниониос (Грција)

АЕК Ларнака (Кипар) – Динамо Минск (Белорусија)

АИК Стокхолм (Шведска) – Брага (Португалија)

Краснодар (Русија) – Лингби (Данска)

Естерсундс (Шведска) – Фола Еш (Луксембург)

ПСВ Ајндховен (Холандија) – Осиек (Хрватска)

Штурм (Австрија) – Фенербахче (Турција)

Судува (Литванија) – Сион (Швјацарија)

Утрехт (Холандија) – Лех Познањ (Полска)

Астра (Романија) – Олександрија (Украина)

Ботев Пловдив (Бугарија) – Маритимо (Португалија)

Динамо Букурешт (Романија) – Атлетик Билбао (Шпанија)

Бнеи Јехуда (Израел) – Зенит Санкт Петербург (Русија)

Арка Гдиња (Полска) – Митјиланд (Данска)

Брондби (Данска) – Хајдук (Хрватска)

Крајова (Романија) – Милан (Италија)

Бордо (Франција) – Видеотон (Унгарија)

Црвена звезда (Србија) – Спарта Прага (Чешка)

Гент (Белгија) – Алтах (Австрија)

Панатинаикос (Грција) – Габала (Азербејџан)

Абердин (Шкотска) – Аполон (Кипар)

Динамо Загреб (Хрватска) – Одд Гренланд (Норвешка)

Олимпик Марсеј (Франција) – Остенде (Белгија)

Австрија Виена (Австрија) – АЕЛ Лимасол (Кипар)

Евертон (Англија) – Ружомберок (Словачка)

Фрајбург (Германија) – Домжале (Словенија)

квалификации Лига Европа Тракаи Ќатип Османи Ферхан Хасани фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.