НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Морина уапсен во Дубровник, го чекаат во Белград, Тирана на нозе

0
By Нова ТВ on July 29, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исмаил Морина (35) повторно е топ тема во регионот. Осомничениот „пилот“ на дронот за време на натпреварот меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија беше уапсен од хрватска полиција во јуни врз основа на потерница што ја издадоа српските власти, а судот во Дубровник сега одобри негова екстрадиција во Белград. Инцидентот со леталото со провокативна содржина (карта на „Голема Албанија“), се случи во октомври во 2014 година и беше иницијална каписла за немили сцени на стадионот на Партизан и прекин на фудбалската претстава во рамки на квалификациите за ЕП 2016.

Веста за судската одлука во Дубровник ја крена на нозе официјална Тирана и цела Албанија. Фудбалската федерација на западниот сосед (ФШФ) ја повика владата „да интервенира во рамки на правниот контекст и да спречи испорачување на Морина во Србија“. Притоа се обрати и до неговото семејство дека ќе продолжи да се бори во намерата да не дозволи да заврши во Белград.

„Во целост сме посветени во искористување на сите институционални механизми и правни патишта“, се вели во соопштението на ФШФ.

Последните случувања го привлекоа вниманието на западните медиуми. „Асошиејтед прес“ пишува и за повикот на навивачите на собир вечерва во Тирана за вршење притисок врз албанската Влада за вклучување во случајот. Агенцијата воедно наведува дека Морина е по потекло од Кукс, град на североисток на земјата, дека живее во Италија и дека често ги следи гостинските настапи на фудбалската репрезентација на Албанија.

Жалење за недоволна ангажираност на Владата на Албанија во случајот со Морина изрази и неговиот брат Џеваир кој во изјавата за ТВ „Репорт“, меѓудругото, истакна дека „животот на Исмаил би бил загрозен во Србија“.

„Ја повикуваме албанската Влада да интервенира и спречи екстрадиција во Србија. Ние, како фамилија, ќе сториме нешто радикално што ќе биде изненадувачко за сите“, порача Џеваир Морина без притоа да објасни на што конкретно мисли.

Според албанските медиуми, министерството за правда веќе побарало Морина да не биде испорачан на Белград како и за вклучување на премиерот Еди Рама за кој се пишува дека е во постојат контакт со хрватските власти за решавање на случајот.

Албанија Исмаил Морина Случај „Дрон“ Србија фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.