Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометно СП (У21): Македонските младинци шести во светот

0
By Нова ТВ on July 30, 2017 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 30, 2017 17:28

Македонија заврши како шеста на младинското Светско ракометно првенство што завршува денеска во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски загубија од Унгарија со 22:26 во натпревар за петтото место на мундијалот, но одличниот впечаток, и покрај пораз, сепак, останува.

„Црвено-жолтите“ имаа посакуван вовед во последниот настап на турнирот. Имаа игра, го имаа расположениот Томовски на голот, имаа и водство со 6:4 и 7:5 до средина на првото полувреме по што мечот навлезе во поинаков тек по нив. Унгарците ја презедоа контролата и со цврста игра во одбрана и ефикасен напад направија пресврт и на одмор заминаа со плус три (11:14).

Противникот продолжи во второто полувреме на начин со кој го заврши првото. До 38 минута нанижа три гола за 12:17 и го трасираше патот до конечен триумф пришто не застрани во ниту еден момент до истекот на 60 минута.

Фото: ihf.info

Нелоски беше најефикасен во „црвено-жолтата“ селекција со шест гола, Талески, Кузмановски и Танкоски постигнаа по четири. Прв стрелец на натпреварот беше Ковач со осум погодоци.

Македонија одигра вкупно девет средби во Алжир во кои забележа пет победи и четири порази. Во групната фаза ги совлада Русија (29:22), Буркина Фасо (48:20) и Бразил (28:23), а загуби од Шпанија (25:36) и од Тунис (27:32). Против домашната селекција, во осминафиналето, славеше со 24:20 по што дојде поразот од Франција во четврт-финалето со 17:33.

Потоа следуваше уште едно соочување со „зборнаја“, во разигрувањето за пласман од петто до осмо место, што повторно им припадна на македонските ракометари со 36:27 пред денешниот пораз од Унгарија (22:26).

За „црвено-жолтите“ ова беше второ учество на планетарните собири. Дебитантското го имаа во 2007 година на СП што се одржа во Македонија пришто беше освоено десеттото место.

Македонија – Унгарија 22:26 (11:14)

Спортска сала: „Омниспорт Хацене Харча“ во Алжир. Гледачи: 500. Судии: Амар Коњичанин и Дино Коњичанин (двајцата од БиХ).

Македонија: Томовски (18 одбрани), Даниловски (1 одбрана), Лазаревски, Димитриоски 1, Јагуриноски, Нелоски 6, Танкоски 4, Велковски 2, Шилегов 1, Петровски, Талески 4, Кузмановски 4, Крстевски, Џонов, Палевски, Арсеновски. Селектор: Илија Темелковски.

Седмерци: /. Исклучувања: 6 минути.

Унгарија: Росаволѓи (8 одбрани), Паштор (11 одбрани), Молнар 1, Фекете, Варју 2, Уборњак 1, Сакали 1, Фузи, Шмид 3, Лигетвари 3, Ковач 8, Сита, Габор, Тот 1, Ѓери 2, Торок 4. Селектор: Јањош Ѓурка.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 10 минути.

Македонија Ракомет У21 СП за мажи Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.