НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За историја ќе мора да се почека: Копенхаген во ЛШ, Вардар во ЛЕ

0
By Нова ТВ on August 2, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Копенхаген ќе продолжат во плеј-офот за Лигата на шампиони (ЛШ), а Вардар се сели во плеј-офот за Лига Европа (ЛЕ). Данскиот првак успеа да ја анулира негативата од еден гол по првата средба во Скопје и со убедливи 4:1 славеше на својот „Паркен“ стадион во реванш мечот од третото квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА.

По 71 минута се одеше во прилог на вардарци. Копенхаген имаше 2:1, но остана и со играч помалку на теренот по исклучувањето на Грегуш (втор жолт картон). И кога се чинеше дека работата е завршена и преостанува само мирно привршување на задачата, „црвено-црните“ примија два гола и на крајот мораа да подадат рака на, резултатски, подобриот ривал.

Данците го поништија скопскиот пораз по само две минути игра. Грегуш го совлада Гачевски за еуфорија на трибините на „Паркен“ што ја стивна Бобан Николов со погодокот за израмнување во 19. минута. Седум минути подоцна Копенхаген повторно обезбеди предност, овојпат со автоголот на Тигран Барсегјан за 2:1. Бројките на семафорот останаа непроменети до 75. минута во која Сандандер зголеми на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Сотириу во 88. минута од пенал.

Ждрепката за плеј-офот во ЛШ и во ЛЕ е закажана во петок. Македонија, покрај Вардар, би можела да ја има и Шкендија во последното скалило до групите во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Тетовци утре попладне го играат реваншот со Тракаи. Мечот на стадионот „Младост“ во Струмица е од 17 часот. Литванците имаа 2:1 од првата средба во Вилнус.

Копенхаген – Вардар 3:1 (2:1)

Стадион: „Паркен“ во Копенхаген. Гледачи: 30.000. Гл. судија: Џон Битон. Асистенти: Грем Стјуарт и Даглас Потер (сите тројца од Шкотска). Ж. картони: Грегуш, Сантандер (Копенхаген), Демири (Вардар). Ц. картон: Грегуш 71′ (Копенхаген). Стрелци: Грегуш 2′, Барсегјан 26′ (автогол), Сантандер 75′, Сотириу 88′ (п) за Копенхаген; Николов 19′ за Вардар.

Копенхаген (формација: 4-4-2): Олсен – Бенгтсон, Јохансон, Лифтнер, Томсен – Тутух (Аманква 82′), Квист, Грегуш, Вербич – Сантандер (Матиќ 78′), Павловиќ (Сотириу 83′). Тренер: Стале Солбакен.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарѕумјан (Блажевски 76′) – Спировски (Џигаури 82′), Николов – Којашевиќ (Брдаровски 46′), Барсегјан, Фелипе – Балотели. Тренер: Гоце Седлоски.

Лига на шампиони/квалификации/3 коло/реванш мечеви

АПОЕЛ – Виторул 1:0/по продолженија 4:0 (0:1)

БАТЕ Борисов – Славија Прага 2:1 (0:1)

ЦСКА Москва – АЕК 1:0 (2:0)

Истанбул Басакшехир – Бриж 2:0 (3:3)

Копенхаген – Вардар 4:1 (0:1)

Викторија Плзен – ФЦСБ 1:4 (2:2)

Јанг Бојс – Динамо Киев 2:0 (1:3)

Хафнарфјордур – Марибор 0:1 (0:1)

Лудогорец – Хапоел Бер Шева 3:1 (0:2)

Ајакс – Ница 2:2 (1:1)

Легија Варшава – Астана 1:0 (1:3)

Олимпијакос – Партизан 2:2 (3:1)

Риека – Салцбург 0:0 (1:1)

Розенборг – Селтик 0:1 (0:0)

Шериф Тираспол – Карабаг 1:2 (0:0)

Во заграда се резултати од првите средби

Вардар квалификации Копенхаген Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.