НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реформатори на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има посебни листи за локални избори

0
By Нова ТВ on August 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илија Илиоски од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека воопшто не размислуваат да делуваат надвор од партијата, ниту пак да создаваат фракции и паралелни листи за градоначалници и советници за локалните избори. Илиоски рече дека секој нивни чекор ќе биде во рамки на партијата и покрај тоа што имаат различни ставови и размислувања со останатиот дел од членството и со раководството. Како што рече Илиоски според нивните анализи 50 отсто од членството смета дека треба да има реформи во партијата.

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите членови и симпатизери на партијата да ја поддржат Декларацијата за реформи и демократизација.

Како што информираше Илиоски, Декларацијата почива на принципите за рамноправност, слобода на говор и мисла, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, индивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.

„Сметаме дека овие се принципите кон кои треба да тежнееме во целост и да ги оствариме во рамки на делувањето на нашата партија. Сега е моментот да се обединеме, да и помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ, да го вратиме победничкиот дух, правото на членовите непосредно да ги донесуваат одлуките, да го реформираме работењето и делувањето за да однесеме убедлива победа на следните избори“, нагласи Илиоски.

Декларацијата за реформи и демократизација на 29 јули годинава била доставена до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но РШ досега нема добиено никаков одговор. Како што рече Илиоски, и Центарот за комуникации на партијата не одговара на нивните предлози, сугестии и барања, вклучувајќи ја и денешната покана на лидерот Никола Груевски да присуствува на прес-конференцијата.

Декларација локални избори Реформатори на ВМРО-ДПМНЕ реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.