Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчев: На две години во група би било премија, да не чекаме 25 години

0
By Нова ТВ on August 26, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 26, 2017 12:44

Вардар во четвртокот го направи најголемиот, историски, успех на македонскиот клупски фудбал со елиминацијата на Фенербахче и пласманот во групната фаза во УЕФА Европа лигата. Емоциите сè уште не се легнати и нема да бидат во текот на цела есен, но впечатоците се сумирани. Одлична игра на „црвено-црните“, две заслужени победи за, конечно, пробивање на бариерата наречена плеј-оф во клупско фудбалско натпреварување на стариот континент.

„Завршивме голема работа, постигнавме фантастичен успех. Елиминиравме клуб кој во секоја смиссла е Реал Мадрид во овој дел од Европа. Сакаме ова да ни стане навика. Нема да си создаваме притисок дека мора да играме групи секоја година, би било премија да бидеме во оваа фаза во која сме и на секои две години, но да не чекаме нови 25 години. Го имаме Чеде Јаневски на кого сметаме на долг рок, за наредните пет години, имаме играчи кои се претставија како победници, потребни се позитивни мисли и влечење на добри потези“, истакна вардаровата легенда, Дарко Панчев, сега во улога на спортски директор на македонскиот шампион.

Ждрепката за групите во ЛЕ ги смести вардарци во групата Л со Зенит, со Реал Сосиедад и со Розенборг. Но, обезбедувањето на место во неа било како цела вечност за црвено-црната „деветка“ како функционер одошто во времето кога ги тресеше противничките мрежи.

„Бев напнат, бев нервозен, не можев да ги гледам на раат дуелите со Фенербахче. Ми беше полесно кога играв. Меѓутоа вербата дека можеме до ова не ме напушти во ниту еден момент. На двомечот му претходеше одлична анализа, беше направена одлична тактика и турскиот великан беше надигран. Најзаслужни за овој резултат, секако, се фудбалерите и тренерот. Имав среќа да бидам дел од генерација со победнички менталитет во мојата фудбалска кариера што сега се обидувам да го пренесам на помладите. А, и тие сега покажаа дека се победници“, посочи популарната „Кобра“, златната копачка на Европа од 1991 година.

Вардарци, како никогаш досега, ги очекува набиена есенска агенда. Настапите во Европа лигата почнуваат на 14 септември до меч на домашен терен против Зенит и ќе траат до 7 декември со гостување на Розенборг на „Телеком арена“. Во меѓувреме ќе бидат присутни и обврските во домашното првенство, во Купот на Македонија, а за дел од играчите и репрезентативни активности во наредните три месеци вклучувајќи ги и ноемвриските термини за баражи за Светското првенство во Русија во 2018 година.

Вардар Дарко Панчев Лига Европа фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.