Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР нема сознанија за двојни државјанства на Грујевски и Бошковски

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2017 13:28

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека МВР работи на тоа да им се влезе во трага на поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и на Никола Бошковски кои се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО.

–  Со оглед на истрагата и на постапките, не можеме да излегуваме со детали, меѓутоа сите информации коишто ги имаме заедно со Специјалното јавно обвинителство, кое е надлежно за овој случај, работиме на тоа да ги обезбедиме овие две лица за органите на прогонот и да може да продолжи постапката која што е поведена во овој случај, истакна Спасовски, додавајќи дека немаат сознанија дали Грујевски или било кој друг обвинет во случајот имаат двојно државјанство.

Вчера Фокус објави дека голема е веројатноста Горан Грујевски, екс началникот на Петтата управа во УБК, да се крие во Босна и Херцеговинасо објаснување дека Грујевски е роден во Босна, поради што поседува и босанско државјанство.

Екс началникот заедно со Никола Бошковски, вработен во УБК, веќе 36 дена се во бегство, откако Апелациониот суд им одреди притвор, како обвинети во случајот на СЈО, „Таргет и Тврдина“.

Во јавноста се шпекулираше дека бегалците се кријат во Албанија, Фокус повикувајќи се на извори во МВР објавува дека „не постои сомнеж дека се засолнети во оваа соседна држава“.

Телевизијата 21 неодамна објави дека Грујевски имал уште еден идентитет под името Владимир Варелов. Според извори на телевизијата, Интерпол е известен за ова име под кое наводно сега се претставува Грујевски.

Меѓународната потерница за двајцата е распишана на 26 јуни, откако полицијата не успеа да ги пронајде и спроведе во притвор по одлуката на Врховен.

Грујевски е обвинет за кривичните дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“, а Никола Бошкоски се товари за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

Бошковски Грујевски МВР Оливер Спасовски потерница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.