НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев: Реални се шансите Македонија да стане 30 членка на НАТО

0
By Нова ТВ on September 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО. Реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од ЕК и да стане 30 членка на НАТО, порача денеска лидерот на СДСМ и претседател на Владата на прославата организирана од СДСМ на Три круши во Драчево по повод Денот на независноста.

Тој во својот говор ги посочи мерките коишто ги превземала Владата предводена од СДСМ кои, како што рече, се потребни за влез во европското семејство.

„Реалност се економските перспективи, спокојот во семејствата, новите вработувања, успешните претпријатија…. ги почнавме процесите“, рече Заев, потсетувајќи и на најавите за воведување на дневна евтина тарифа на струјата и укинување на радиодифузната такса.

Тој нагласи дека земјата од генератор на криза се претвора во мотор на развој. Патот пред нас е чист, реле Заев, демократијата е процес која се надградува, а на следните локални избори треба слободно да одлучуваме и да сме отворени за критичка мисла.

Пратеникот од СДСМ во македонското Собрание и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов рече дека на Три круши симболично ја започнува кампањата за локалните избори и ги повика граѓаните заедно да ја изградат секоја општина во Скопје.

„Граѓаните на Градот Скопје не заслужуваат арогантни крадци коишто крадат и пари, иднина и здравје на нашите граѓани. Скопје и скопските општини заслужуваат луѓе коишто ќе работат домаќински, посветено, транспарентно. Секој цент, секој денар од буџетот на Градот ќе знаете каде завршува. Се ќе биде транспарентно. Не сте робови на ниту еден политичар. Вие сте слободни луѓе“, истакна Шилегов.

Порача дека нема да трошат пари на непотребни проекти, туку дека ќе градат системски. „Нема повеќе да трошиме на панорамски тркала, ќе трошиме на училишта. Нема повеќе да трошиме на барокни фасади, ќе трошиме на еколошки јавен превоз. Цел свет вози електрични и метански автобуси, само Коце Трајановски и Никола Груевски купуваат дизел автобуси. Јавниот градски превоз е најголемиот загадувач на воздухот којшто го дишеме“, рече Шилегов.

 

ЕУ Зоран Заев избори кампања НАТО Петре Шилегов СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.