НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три фази до билет за СП 2018: Русите воведуваат навивачка лична карта

0
By Нова ТВ on September 13, 2017 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навивачка лична карта за сите гледачи на Светското фудбалско првенство во 2018 година. Службениот документ што ќе биде задолжителен за секој сопственик на мундијалски билет се воведува на барање на руските власти. Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) апелира до навивачите да се пријават за бесплатната белешка, откако ќе добијат потврда по електронска пошта дека се добитници на влезница за меч на турнирот.

Со документот се предвидуваат и низа погодности за навивачите како влез во Русија без виза, бесплатни патувања меѓу градовите домаќини на натпреварите и бесплатен градски превоз на денот на одигрување на мечевите.

Интернет продажбата на влезниците за СП 2018 почнува во четврток на пладне по московско време, а постапката е поделена во три фази. Првата за поднесување на пријави за билет ќе трае од 14 септември до 12 октомври пришто се нагласува дека оние што ќе се пријават во првиот час во првиот дел нема да имаат предност во однос на оние кои ќе аплицираат во последниот час од последниот ден.

Фото: fifa.com

И ФИФА и Русија, како домаќин, потенцираат дека сите ќе влезат со подеднакви шанси во ждрепката. Рокот за известување дали барањето за влезница е успешно или не е до 16 ноември по што првата фаза продолжува до 28 во месецот пришто дури тогаш се предвидува предност за порано пријавените интересенти.

На 5 декември, четири дена по формирање на групите за СП 2018, е планиран стартот на втората фаза што ќе трае до 31 јануари наредната година. Во неа ќе бидат одредени купувачите на билети по пат на ждрепка по што и оваа фаза ќе влезе во завршен филтер од 13 март до 3 април. Предност и тука ќе имаат навивачите што се пријавени меѓу првите. Среќните добитници ќе добијат известување за трошоците од ФИФА во текот на април и мај.

Последната фаза е „ласт минит“ продажба што ќе биде отворена на 18 април и ќе трае до 15 јули за кога е закажано и големото финале.

Влезници Навивачка лична карта продажба СП 2018 ФИФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.