Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА шампионска Лига: Рапсодија на Сити, трилинг голови на Реал М.

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 02:10

Реал Мадрид со победа го почна походот кон одбрана на титулата во Лигата на шампиони на УЕФА. Успешна увертира и за Манчестер сити, за Тотенхем, за Бешикташ и за Шахјтор во воведното коло што донесе и рекорден број на погодоци (54) на отворањето на сезоната. Двојни стрелци во „второто полувреме“ од првото коло беа Кристијано Роналдо, Хари Кејн и Џон Стоунс. Но, одиме по ред.

Двата меча во групата Е завршија со поделба на бодовите. Ливерпул одигра 2:2 на „Енфилд“ против Севилја за крај на европската победничка низа на „црвените“ на домашен терен што траеше шест меча. Гостите од Андалузија го отворија и резултатот со головите на Бен Једер во петтата минута и Кореа во 72., во меѓувреме реализираа Фирмињо во 21. и Салах во 37. за екипата на менаџерот Јирген Клоп.

Фото: uefa.com

Дамјан Бохар, пак, спречи пораз на Марибор во првиот натпревар во групна фаза во ЛШ по пауза од пет години. Фудбалерот со еден настап за „змајчеки“ се запиша во листата на стрелци во 85 минута за поништување на водството на московски Спартак од 59. минута што го обезбеди Самедов за конечни 1:1 на „Људски врт“ во Љубљана.

Џон Стоунс, изненадувачки, се промовира во главен лик на Манчестер сити на гостувањето кај Феенорд. Централниот дефанзивец потпиша половина од головите на „граѓаните“ во триумфот над холандскиот состав со 4:0. Во другата половина учествуваа Агеро и Габриел Хезус за израмнување на најубедливата победа на тимот од „Етихад“ во елитното натпреварување.

Фото: uefa.com

Шахтјор го пречека Наполи на стадионот на Металист во Харков и славеше со 2:1. Тајсон во 15 минута и Фереира во 58 минута „стрелаа“ за комотна предност на тимот од Доњецк што наполитанците само ја ублажија до крајот преку Милик во 72 минута од пенал.

Изненадување приреди Бешикташ со победата на „Драгао“ против Порто со 3:1. Талиска во 13 минута, Тосун во 28. и Бабел во 86. го совладаа Икер Касилјас, почесниот за Португалците беше автоголот на Тошиќ од 21 минута.

Лајпциг ремизира (1:1) со Монако на „Ред Бул арена“ во премиерниот меч на бундеслигашот во ЛШ. Форсберг во 33 минута осигура предност за домашните што ја анулира Тилеманс во наредната минута.

Кристијано Роналдо продолжи од каде што застана во миатата сезона. Португалецот стигна до бројката од 107 гола во шампионската Лига со двата што го прослави против АПОЕЛ во победата на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:0. Мрежата на Кипраните ја затресе и Серхио Рамос во 61 минута.

Фото: uefa.com

Двоен стрелец беше и Хари Кејн во триумфот на Тотенхем над Борусија Дортмунд со 3:1. Добрата голгетерска форма на англискиот репрезентативен напаѓач дојде до израз во 15 минута и во 60., со реализација за спарси учествуваше и Сон Хунг Мин во четвртата минута. Јармоленко во 11 минута беше стрелец на единствениот за „милионерите“ во првиот нивни пораз по 13 средби.

Лига на шампиони

Група Е

Ливерпул – Севилја 2:2

Фирмињо 21′, Салах 37′ – Бен Једер 5′, Кореа 72′

Марибор – Спартак Москва 1:1

Бохар 85′ – Самедов 59′

Група Ф

Феенорд – Манчестер сити 0:4

Стоунс 2′, 63′, Агеро 10′, Габриел Хезус 25′ 

Шахтјор Доњецк – Наполи 2:1

Тајсон 15′, Фереира 58′ – Милик 72′ (п)

Група Г

Порто – Бешикташ 1:3

Тошиќ 21′ (автогол) – Талиска 13′, Тосун 28′, Бабел 86′

Лајпциг – Монако 1:1

Форсберг 33′ – Тилеманс 34′ 

Група Х

Реал Мадрид – АПОЕЛ 3:0

Роналдо 12′, 51′ (п), Рамос 61′

Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:1

Сон Хунг Мин 4′, Кејн 15′, 60′ – Јармоленко 11′

Кристијано Роналдо Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал Хари Кејн Џон Стоунс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.