НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен ја одложи расправата за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд денеска ја одложи расправата за барањето за заштита на законитоста кое Специјалното јавно обвинителство го поднесе за случајот „Талир“. Со ова барање, СЈО сака да се преиспита одлуката на Кривичниот суд со која е одлучено да не се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО  барањето за заштита на законитоста го поднесе затоа што се сомневаа смета дека имотот на оваа партија е стекнат на незаконски начин. Како што по денешната седница истакна обвинителката Ленче Ристовска, расправата за овој предмет е одложена од технички причини и треба да продолжи во понеделник.

СЈО во мај поднесе две барања до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за обезбедување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело. Кривичниот совет во двата наврати го одби барањето на СЈО. Последната инстанца каде можеше да се обрати СЈО е Врховниот суд.

Инаку, во случајот „Талир“ првоосомничен е Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Кирил Божиновски, Илија Димовски, Даниела Рангелова, Александар Бичиклиски, Емил Димитриев, Миле Јанакиески, Иво Котевски, Илија Ристовски, Билјана Бришкоска – Бошковски, Леко Ристовски и Елизабета Чингаровска.

Според предистражната постапка на СЈО, од 2009 до 2015 година осомничените прифатиле незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Овие пари, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот, биле искористени за незаконско финансирање на партијата.

За да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.

Со овие средства, меѓу другото, биле склучени 71 договори за купување недвижен имот, а дел од овој имот не се користел за партиски, туку за приватни цели.

Катица Јанева не поднесе обвинение за предметот „Талир“, но најави дека ќе ја продолжи истрагата за незаконското финансирање на партијата која десет години беше на власт. Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ се стекна со огромен имот и стана најбогата политичка партија во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ Врховен суд Даниела Рангелова Илија Димовски Имот Никола Груевски Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.