НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погрешен говор, во погрешно време, пред погрешна публика

0
By Нова ТВ on September 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчерашниот прв главен говор на американскиот претседател Доналд Трамп во Обединетите нации наиде на осуда од повеќето земји-членки што тој ги критикуваше.

Трамп во говорот презентира визија за еден свет исполнет со суверени држави кои работат за доброто на нивните граѓани – но, голем дел од говорот беше насочен кон она што тој го нарече “непријателски земји”, кои според него се “зло на нашата Планета денес”.

Притоа тој ги повика “многумината праведни ” да се соочат со “неколкумината зли“.

Трамп во првиот говор пред ОН: Ако треба ќе ја уништиме Северна Кореја

Говорот на Трамп, според аналитичарите бил елоквентно излагање на неговата доктрина”Америка пред се” доктрина, но во исто време содржи и некои неочекувани пофалби за Обединетите нации како тело кое може да ги обедини суверените држави за справување со светските проблеми.

Но, за разлика од досегашните дискусии од 90 тите години наваму за глобализацијата во надворешната политика, Трамп сега го посочи националниот суверенитет како главен столб на меѓународниот систем. Но забелешката е дека Трамп не посочил каде е прецизно границата меѓу националниот суверенитет и колективното дејствување.

Во говорот тој ја возобнови старата тема за тнр. оска на злото, каде ги смести Иран, Северна Кореја и Венецуела.

Оската на злото

-Говор на омраза на Трамп припаѓа во средниот век, а не во ОН, беше првата реакција на иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, реагирајќи на ставот на Трамп кој неговата земја ја смести во “малата група непријателски режими”.

Се уште нема реакција од Северна Кореја за која Трамп рече дека “целосно ќе ја уништат” ако бидат принудени на тоа.

Агенцијата Ројтерс пренесувајќи ги реакциите од присутните во салата, објави дека еден си го покрил лицето со рацете, додека во салата се почувтвувала непријатна атмосфера.

Шведската министерка за надворешни работи, Маргот Волстром, која на видео снимките беше забележана како ги прекрсти рацете во неверување, за Би Би Си подоцна изјави: “Тоа беше погрешен говор, во погрешно време, пред погрешна публика”.

Трамп го критикуваше лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, кого го нарече ” човекот со ракетите кој е во самоубиствена мисија”.

-Доколку САД се принудени да се брани себеси или нејзините сојузници, нема да имаме друг избор освен целосно да ја уништиме Северна Кореја, додаде тој.

Во својот говор, тој го нарече Иран “корумпирана диктатура зад лажниот изглед на демократијата” чиј “главен извоз е насилство, крвопролевање и хаос”.

Нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили за него е “една од најлошите и наједностраните во кои САД воопшто влегле”.

Коментаторите на официјалниот телевизиски канал IRINN го споредија говорот на Трамп со бизарната изведба на либискиот лидер Моамер Гадафи на истиот подиум во 2009 година.

Тие го обвинија за “кршење на дипломатски конвенции” во говорот “полн со контрадикции”.

Телевизијата го емитуваше целиот говор во живо, но неговиот преведувач не ги преведуваше критиките на Трамп за Иран, што предизвика реакции на социјалните медиуми.

-Кутриот преведувач толку многу се обидуваше да ги прикрие и да ги цензурира неоснованите забелешки на Трамп, напиша на Твитер техеранскиот пратеник Махмуди Садеки.

Сега сите очи се вперени кон иранскиот претседател Хасан Рохани, кој ќе се обрати на Генералното собрание на ОН подоцна денеска.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, говорејќи пред Генералното собрание, го бранеше нуклеарниот договор со Иран. “Одбивањето би било сериозна грешка”, рече тој.

Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржа Трамп дека договорот со Иран треба да биде целосно изменет или укинат и предупреди на ширењето на иранското влијание на Блискиот Исток.

Трета земја која Трамп во својот говор ја истакна како проблематична беше Венецуела. Тамошната влада ја нарече корумпирана “социјалистичка диктатура” и предупреди дека САД се подготвени да преземат акција против неа.

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Арреаза, ги отфрли, како што тој ги нарече закани на Трамп.

-Трамп не е претседател на светот … тој дури и не може да управува со својата влада, рече тој.

Боливискиот претседател Ево Моралес, инаку сојузник на владата на Венецуела, на Твитер напиша: “Не сум изненаден што мултимилионер како Трамп го напаѓа социјализмот. Нашата борба секогаш ќе биде идеолошка и прагматична”.

Извор: Би Би Си

Венецуела говор во ОН Иран реакции Северна Кореја Трамп Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.