НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Вардар тесно со Ренова, Шкендија го наполни Силекс

0
By Нова ТВ on September 20, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемите ривали за шампионската титула во фудбалскиот шампионат на Македонија со победи во шестото коло од сезоната. Бранителот на тронот, Вардар со 2:1 ја порази Ренова додека лидерот на табелата, Шкедија го совлада Силекс со 5:0.

Скопските „црвено-црни“ се намачија за трите бода попладнево на стадионот „Борис Трајковски“. Ги сочуваа благодарение на прекрасниот погодок со волеј на Хуан Фелипе во 83 минута, откако Тигран Барсегјан им обезбеди водство во 26 минута што го анулира Емран Рамадани во финишот на првото полувреме.

Тетовци, пак, продолжуваат во одличен реаализаторски ритам што го наметнаа од почеток на првенството и остануваат единствени непоразени во конкуренцијата. Со пет гола му посакаа среќен пат на Силекс за Кратово од кои три потпиша Изаир Емини во 13 минута, во 27. и во 90. Во листата на стрелци се додадоа уште Ферхан Хасани во 69 минута и Бесарт Абдурахими во првата од судиското надополнување.

Честа на гостинските екипи ја одбрани Работнички со триумфот над Победа со 4:2 со пресврт во вториот дел. Прилепчани заминаа на одмор со 2:0 со головите на Благоја Гешоски во четвртата минута и Филип Најдовски во 30. Но, продолжението на натпреварот донесе и сосема поинаква слика на теренот. „Црвените“ од Градски парк одговорија со двојно повеќе постигнати погодоци одошто примија и заслужено ја прославија првата победа во сезоната. Двапати Кире Маркоски во 57 минута и во 83. и по еднаш Емир Сахити и Чарлс Џефри Чинеду во 89. реализираа за составот од Скопје.

Академија Пандев со 2:0 го совлада тимот на Пелистер кој од 53 минута играше без исклучениот Лукас Фереира Кардосо. Пет минути по црвениот картон, Зоран Балдовалиев ги поведе „академците“ во водство со удар од белата точка на кого се надоврза и Американецот Тревис Боуен во 82. за трета победа на дебитантот во прволигашкото друштво.

Шкупи со минимални 1:0 славеше над Скопје. Стрелец на единствениот погодок на Чаир беше Кристијан Стојкоски во 25 минута.

Шкендија е на врвот на табелата со 16 бода, пет повеќе од второпласираната Академија Пандев и шест во однос на Вардар кој има и меч помалку.

Прва лига – 6 коло

Вардар – Ренова 2:1

Шкендија – Силекс 5:0

Победа – Работнички 2:4

Шкупи – Скопје 1:0

Академија Пандев – Пелистер 2:0

Табела: Шкендија 16, Академија Пандев 11, Вардар 10 (-1), Шкупи 10, Пелистер 8, Силекс 6, Работнички 5, Ренова 5, Победа 5, Скопје 3.

Идно коло (24 септември): Пелистер – Вардар, Скопје – Шкендија, Работнички – Академија Пандев, Силекс – Победа, Ренова – Шкупи.

Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.