Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ЕП дебата за Каталонија но без разговор за полициското насилство

0
By Светлана Јовановска on October 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 4, 2017 09:47

Европскиот парламент (ЕП), по долги преговори помеѓу политичките групи, денес ќе дебатира за ситуацијата во Каталонија.

Барањето за дебата дојде до левите партии и Групата на зелените на кои им се придружија групата на либералите (АЛДЕ) и Партијата на социјалисти и демократи (ПСД). Најголемата европска политичка група Европската народната партија (ЕНП) се согласи да се одржи оваа дебата откако постави свој услов. Условот е да не се разговара за полициското насилство на шпанската полиција за време на референдумот во Каталонија. На оваа моќна политичка група и припаѓа и шпанскиот премиер Мариано Рајох.

Во обид да го спречи референдумот шпанската полиција употреби сила и беа повредени 893 лица.

Барањето за дебата датира од минатата недела, пред референдумот, но до вчера ПСД и ЕНП не се согласуваа на дебата. Сликите на полициско насилство што во неделата дојдоа од Каталонија ги примораа европските пратеници да се согласат на дебата.

“Бараме од Европа да не ги затвора очите пред полициското насилство што го видовме во неделата”, изјави Ска Келер копретседател на Групата на зелените.

За ЕНП, од друга страна, постојат фундаментални принципи што треба да се почитуваат а владеењето на правото мора да се примени и да се почитува, изјавија од оваа политичка група.

Насилството на шпанската полиција во Каталонија го осудија само Белгија, Словенија и Литванија. Останатите земји членки го премолчеа овој скандалозен настан со кој Мадрид се обиде да го спречи одржувањето на референдумот за независност во Каталонија.

Ни Европската комисија (ЕК) не го осуди насилството и се задржа на кус коментар во кој се вели дека насилството нема место во политиката.

Каталонскиот пратеник во Брисел Амадео Алтафаж изјави дека со ова ЕК губи од својот кредилитет.

“Разочарувачки е што портпаролот на ЕК за време на својот редовен брифинг не изусти ниту еден збор за сите оние 893 луѓе што беа повредени. Тие се граѓани на ЕУ. Овде не зборуваме за некоја земја на другиот крај на светот. Тие 893 лица се Каталонци и граѓани на ЕУ”, изјави тој.

Алтафаж е поранешен портпарол на ЕК. Нашата јавност го познава како портпарол на Оли Рен кој беше комесар за проширување од 2012 година до 2014 година.

Каталонскиот пратеник во Брисел изјави дека Комисијата на Јункер е слаба и дека во ЕУ најголеми бенефиции добиваат најголемите земји членки помеѓу кои е и Шпанија.

Претседателот на Каталонија Карлес Пиџдемон на Би-Би-Си денес изјави дека прогласувањето на независноста на Каталонија е прашање на денови во исто време додека шпанскиот крал Фелипе остро ги осуди настаните во Каталонија велејќи дека тие се закана за стабилноста на Шпанија. Ова е втор пат шпански крал да излезе со политичка изјава. Последен пат тоа се случи во 1981 година по падот на диктаторскиот режим на Франко.

 

Амадео Алтафаж Европска комисија Европски парламент Каталонија незвисност полициско насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.