Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Портрет Богоев: Карпош ќе го ослободиме од канџите на Јакимовски

0
By Нова ТВ on October 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 11, 2017 14:15

Стефан Богоев е еден од најмладите кандидати за градоначалник на локалните избори во 2017 година. Тој има 28 години и ќе се бори за градоначалничкото место во општината Карпош, каде противкандидат му е актуелниот градоначалник од партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Стефан Богоев веќе два мандати е пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој за прв пат влезе во законодавниот дом по изборите во 2014 година, а потоа повторно беше избран за пратеник на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Го прашавме зошто решил да го прифати предизвикот и да му пркоси на Јакимовски за прв човек на Карпош.

„Затоа што тука планирам да останам да живеам, тука сакам да оформам семејство. Имам идеи, имам визии и знам како на Карпош и заедно со карпошани да си го вратиме достоинството, да си го вратиме воздухот, да си ја вратиме и да ја унапредиме животната околина. Затоа, наместо комотно да седам во Собрание, решив сите овие идеи да ги исканализирам и да ги ставам на увид на моите сограѓани, да влезам во оваа борба беспоштедно за враќање на животот во Карпош. И знам дека заедно со карпошани ќе успееме да си ја вратиме општината“, вели Богоев.

На локалните избори на 15 октомври, Богоев на карпошани им ветува: Екопаркизни за чист Карпош, картичка „Мој Карпош“ со која ќе се овозможат повеќе пари за граѓаните, Рекреативен центар за пензионери и пензионерски дом, нов зелен парк во Карпош 4 на површина од 80.000 м2, три реонски базени, страт – ап центри за намалување на младинската невработеност…

https://www.facebook.com/bogoevstefan/videos/1419215194863407/

Целата програма на Стефан Богоев за Карпош

Претстојните локални избори според него се „финалната фаза на демонтирањето на режимот кој што повеќе од една деценија ја урнисуваше Македонија, а во Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е последниот остаток од режимот на Груевски, со иста матрица на владеење“.

На прашањето зошто карпошани да не гласаат за Стевчо Јакимовски, туку гласот да го дадат за Стефан Богоев. Кандидатот на СДСМ за НОВА ТВ одговори:

„ Од аспект на локалната самоуправа и животот во Карпош, во времето на владеењето на Јакимовски како низ нашите маала да поминал квазиурбан бетонски цунами. Од една чиста, зелена и урбана средина, Карпош го претвори во општина – монструм: со енормно загаден воздух; со зеленило кое што секојдневно исчезнуваше пред нашите очи и буквално е избришано со гумичка; место каде што градежната мафија им го узурпира правото на достоинствен живот на карпошани; каде што урбанистичките планови се кроени по мерка, ама не за карпошани, туку за приватни профити; место каде што три сантиметри асфалт се претставуваат како врвно градоначалничко достигнување, а не како дел од вообичаената секојдневна работа на првиот човек на една општина…“, изјави Богоев.

Стевчо Јакимовски не излезе ниту еднаш на телевизиско соочување со својот противкандидат. На дебатите во медиумите, каде кандидатите требаше да ги соочат своите програми, се појави само предизвикувачот Стефан Богоев.

Богоев е претседател на Социјалдемократската младина и ја претставува новата генерација македонски политичари. Освен како еден од најактивните критичари на претходната власт од собраниската говорница, тој беше активен и на протестите на „Шарената револуција“. Тој е дипломиран економист, магистрант на применета економија, Универзитет Американ колеџ – Скопје.

локални избори 2017 општина Карпош СДСМ Стевчо Јакимовски Стефан Богоев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.