Стаса одговорот на Мадрид до Барселона. Шпанската влада го осуди каталонскиот претседател Карлес Пучдемонт дека воведува конфузија и одбива да каже дали прогласил или не независност. И му остави рок на Каталонецот до четврток.
Пучдемонт утринава испрати писмо до шпанскиот премиер и од него побара двомесечен дијалог за состојбата во Каталонија.
“Не само владата туку и сите Каталонци имаат право да знаат со сигурност дали регионот прогласил независност”, пишува во реакцијата на премиерот Мариано Рахој.
“Се надевам дека во часовите што следат ќе дадете јасен одговор на она што граѓаните го бараат”, напиша Рахој. Во писмото тој додава дека инсистира на враќање на почитувањето на правната држава, услов, според Рахој, за било каква демократска дебата.
Рахој се закани дека потврдата на независност не доведе до одземање на автономијата на Каталонија. Мерка која никогаш не била преземена од воведувањето на демократијата во Шпанија во 1977 година.
“Продолжување на оваа ситуација на неизвесност ги фаворизира тие што сакаат да ја урнат гараѓанскиот договор и да наметнат радикален проект и осиромашување на Каталонија”, додава Рахој.
Следниот рок од Мадрид до Барселона истекува во четврток во 10 часот наутро.