Карлес Пучдемонт, претседателот на каталонската влада, бара од шпанскиот премиер Мариано Рахој средба и тоа што е можно побрзо.

Пучдемонт утринава истрати писмо до Рахој во кое потврдува дека сака дијалог за независност со шпанската влада што би траел два месеци и дека од тие причини одлучил да ја одложи каталонската независност. Тој бара од Рахој да престане со репресија и да седне на маса за дијалог. Шпанија употреби сила да ги спречи Каталонците да гласаат.

На референдум на 1 октомври Каталонците изгласаа независност на Каталонија но Шпанија го смета овој референдум за нелегален.

«Во наредните два месеци нашата главна цел е да влеземе во дијалог», пишува Пучдемонт.

Ова писмо е одговор на ултиматумот што пред Каталонија го постави шпанската влада. Пред неколку дена Рахој му остави рок на Пучдемонт до денес за да објасни дали Каталонија прогласила независност или не. Во случај одговорот да биде позитивен, Рахој остава уште неколку дена рок пред да покрене постапка за одземање на автономијата на Каталонија.

Но, наместо одговор на прашањето, каталонскиот претседател утринава одговори дека сака да се сретне со Рахој. Сега се очекува одговорот на шпанската влада.