НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев очекува Грујевски и Бошковски без пречки да бидат екстрадирани

0
By Нова ТВ on October 23, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува поради политички причини да биде попречена екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски од Грција во Македонија.

Одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Драчево, Заев рече дека Македонија има воспоставена соработка со Грција и очекува да биде спроведено меѓународното право, а поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Грујевски и неговиот колега Бошкоски, кои се обвинети од СЈО да бидат екстрадирани.

– Не очекувам да се јави политичка причина за да се спроведе меѓународното право. Македонија има склучено вакви договори со Грција. И во минатото, со преходната власт, Македонија немаше проблем во сите други аспекти, освен проблемот со името. Навистина имаме соработка со Грција од секој можен аспект. Министерствата за внатрешни работи и за правда соработуват и верувам ќе покажат соработка на дело, бидејќи тие се надлежни. Искрено не очекувам потреба од каква било политичка интервенција затоа што се работи за две соседни земји кои се пријатели. Опстојува еден горлив политички проблем кој верувам во периодот пред нас ќе го решиме заедно, изјави Заев.

Сослушувањето на двајцата обвинети во судот во Солун е одложено за утре. Според извори на НОВА, Грујевски и Бошковски во петокот на сослушувањето се појавиле со адвокат, но наводно не зборувале англиски.

Во петокот Министерството за правда доставило барање до надлежниот суд да се подготви целокупната документација за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски.

„Притоа, надлежниот суд е упатен на одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Конвенцијата помеѓу Федеративна Народна Република Југославија и Кралството Грција за взаемните правни односи од 1959 година преземена како републички пропис со чл. 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи. Министерството за правда во конкретниот случај постапува согласно законските одредби од домашната регулатива и наведените конвенции“, велат од Министерството за правда.

Екстрадицијата ќе трае од 4 до 6 недели

Дојче веле, повикувајќи се на функционер на грчкото Министерство за јавен ред и заштита на граѓаните кој инсистирал на анонимност затоа што не смее јавно да го коментира случајот, објави дека на крајот на ноември или во првите недели на декември годинава може да се очекува екстрадицијата на двајцата македонски државјани кои во средата вечер беа уапсени на аеродромот во Солун, во обид да ја напуштат Грција. Дотогаш, двајцата обвинети ќе бидат во екстрадиционен притвор.

Грујевски и Бошковски – клучните обвинети`во „Таргет“ и „Тврдина“

Двајцата бегалци од правдата, 51-годишниот поранешен началник на Петтата управа на УБК Горан Грујевски и 35-годишниот вработен во УБК Никола Бошковски (35) во Македонија се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Тврдина и таргет“. Тие се гонат за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема. Двајцата беа недостапни за органите на прогонот од моментот кога Апелацискиот суд во Скопје на 26 јули годинава издаде налог за нивно апсење.

Престојот и целта – непознати

Од грчкото министерство и натаму одбиваат да дадат информација кога и на кој начин Грујевски и Бошковски влегле во земјата, колку долго и каде престојувале и која била целта на нивното следно патување.

Двајцата беа уапсени на аеродромот во Солун во средата вечер, откако грчката полиција ги открила нивните фалсификувани бугарски пасоши. Дел од грчките медиуми наведуваат дека тие сакале да отпатуваат во друга земја-членка на ЕУ, додека некои попрецизно тврдат дека планот им бил да заминат во Будимпешта. Но, официјална потврда засега нема. Според неофицијални информации на ДВ, двајцата првично престојувале во вила на првиот крак на Халкидики, а потоа се префрлиле во стан во Солун.

Грчкиот функционер кој зборуваше со ДВ тврди дека се уште немаат таква информација. Тој потврди дека двајцата вчера биле изведени пред обвинител во врска со екстрадициската постапка и таму тврделе оти се жртви на монтиран процес и оти не сакаат да се вратат во Македонија затоа што таму животот би им бил во опасност.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека Македонија „очекува да се испочитуваат сите меѓународни договори и стандарди во случајот и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реални рокови“.

Бошковски Грујевски екстрадиција Зоран Заев Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.