Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Нема потреба од менување на тимот што добро функционира

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 1, 2017 14:54

„Нема причина за менување во тимот што победува“, нагласи селекторот Игор Ангеловски при објавување на репрезентативниот список за претстојниот пријателски меч на Македонија против Норвешка на 11 ноември во Скопје. Во тој контекст и очекувањата за продолжување на позитивниот резултатски тренд во 2017 година за дополнителен напредок на ранг листата на ФИФА.

„Сметам дека нема потреба од менување на она што добро функционираше во квалификациите за Светското првенство. Затоа и се решив за ваков избор. Пред нас е дуел со селекција против која немаме победа во минатото. Норвежаните негуваат типично скандинавски, агресивно и со многу контакти, а ги предводи Ларс Лагербег, човекот што направи вистинско чудо со репрезентацијата на Исланд. Верувам дека одлично ќе одговориме на предизвикот и ќе продолжиме со позитивниот тренд на резултати“, истакна предводникот на националниот тим.

Ангеловски повика 21 играч за тестот со Норвешка. Меѓу нив и Стефан Ристовски кој одигра одлични 90 минути за Спортинг Лисабон против Јувентус во Лигата на шампиони и вардарците Висар Муслиу и Дарко Велковски кои се враќаат во тренажен процес по здобиените повреди.

„Ристовски имаше импресивен настап за Спортинг против Јуве. Беше заменет во продолжението на средбата, но не поради повреда туку поради грчеви. Ќе биде подготвен за дуелот со Норвешка“, нагласи Ангеловски.

Собирот на најдобрите македонски фудбалери е закажан на 7 ноември во Скопје. Македонија досега одигра три натпревари против Норвешка од кои два беа во квалификациите за СП 2010. Дуелот во Скопје заврши без голови, Норвежаните славеа во реваншот со 2:1. Стрелец на единствениот гол за „црвено-жолтите“ на стадионот „Улевал“ во Осло беше Бобан Грнчаров во 79 минута. Последната меѓусебна пресметка беше од пријателски карактер во 2013 година и заврши во корист на Норвешка со 2:0.

Список на фудбалери на Македонија за претстојниот пријателски меч против Норвешка

Голмани

Столе Димитриевски (Гимнастик/Шпанија)

Давид Митов Нилсон (Норчепинг/Шведска)

Одбрана

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон/Португалија)

Кире Ристевски (Вашаш/Унгарија)

Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија)

Дарко Велковски (Вардар)

Висар Муслиу (Вардар)

Кристијан Тошевски (Пелистер)

Среден ред

Енис Барди (Леванте/Шпанија)

Езџан Алиоски (Лидс јунајтед/Англија)

Аријан Адеми (Динамо Загреб/Хрватска)

Стефан Спировски (Ференцварош/Унгарија)

Никола Ѓорѓев (Твенте/Холандија)

Ферхан Хасани (Шкендија)

Бобан Николов (Вардар)

Љупчо Дориев (Академија Пандев)

Напад

Горан Пандев (Џенова/Италија)

Илија Несторовски (Палермо/Италија)

Александар Трајковски (Палермо/Италија)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака/Кипар)

Игор Ангеловски Македонија Норвешка Пријателски натпревар репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.