Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесен Обвинителен акт за убиство против напаѓачите на Зијадин Села

0
By Нова ТВ on November 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 3, 2017 15:42

Обвинителен акт против десетте лица за кривичното дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик, достави основното јавно обвинителство до Кривичниот суд.

Се работи за лицата кои на 27 април во Собранието го тепаа пратеникот Зијадин Села и како што се вели во соопштението на ОЈО „се обиделе да го лишат од живот.“

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/

„Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот  оштетениот Зијадин Села. Дел од обвинетите користеле тврди предмети кои ги фрлале кон оштетениот и притоа му нанеле животно загрозувачки повреди. Останатите пак, со употреба на удари, клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат“, пишува во соопштението.

Обвинителството поднело и предлог за продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите, а за еден од нив предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

„Обвинителството цени дека постојат законските основи за продолжување на побараната мерка за обезбедување, бидејќи постојат основи за можно бегство на обвинетите, за влијание врз сведоци , како и за довршување на кривичното дело за кое се обвинети“, наведено е во соопштението.

За настаните во Собранието, Села исказ даде на 25 мај. Тој реле дека нападот во Собранието врз пратениците и новинарите бил нарачан од политички функционери кои се обидуваат да го прикријат нивниот криминал.

„Го завршив мојот исказ за настаните кои се случија на 27 април. Реално, немаат потреба за целиот тој исказ зашто сè беше толку јавно, тенденциите беа толку јавни и нарачателите на атентатот се јавни политички личности, партиски претседатели коишто се подготвени на сè во обидот да ги скријат криминалот и корупцијата што ги направија сите овие години“, изјави Села.

27.април Зијадин Села насилство Собрание убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.