Вкупно 26 прислушувани разговори во предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос на Фиат Цаноски, од кои дел беа и јавно објавени, како и 11 разговори за изградбата на „Сончев град“ дел од предметот „Топлик“ ќе бидат дел од доказите на СЈО, потврди Апелација.
Ова се последните две одлуки со кои Апелација ги прифати жалбите на СЈО.
Вчера на јавни седници, обвинителот Бурим Рустеми истакна дека обвинетите во „Топлик“ и „ТНТ“, поранешниот министер Јанакиески и поранешниот премиер Груевски не можат да се повикуваат на приватноста и дека се жртва на прислушувањето. Т
ие извршувале високи јавни функции, ја имале политичката моќ и во времето кога се вршело масовното прислушување на чело на УБК бил нивниот сопартиец и роднина Сашо Мијалков.
Екс министерот Јанакиески, во писмена изјава денеска обвини дека работата на СЈО е политичка, со тоа што вчера не бил повикан на јавната седница во Апелација.
Апелација веќе одлучи дека бомбите да бидат доказ во случаите за насилството во Центар“, „Триста“ и „Тендери“. Пред Апелација треба да стигнат жалбите на СЈО и за предметите „Титаник“ за изборни нерегуларности во кој опфатен е врвот на ВМРО-ДПМНЕ , предметите „Тревник“ и „Тифани“ во кои опфатени се новинарите Драган Павловиќ Латас и Ивона Талеска и предметот за набавката на владиниот мерцедес „Тенк“.