НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се преговара со ДПА за влез во Владата, Беса размислува за поддршка

0
By Нова ТВ on November 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се водат преговори за влез на ДПА во Владата.

– Јас не водам преговори со ДПА за влез во власта. Се надевам дека брзо ќе ги најдеме кадровските решенија за пополнување на испразнетите места, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Заев истакна дека останува на определбата на сегашната владина коалиција за унапредување на соработката и со други политички субјекти и поединци во Парламентот, особено од важност за она што претставува национален интерес, реформи и главни приоритети на граѓаните на Република Македонија.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села вечра во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М рече дека останува во владината коалиција, а за новиот министер за здравство ќе се одлучи на партиските органи. Во врска со парламентарното мнозинство, Села смета дека тоа може само да се прошири, но не и да се намали.

-Ние сме дел од владата бидејќи преземавме обврски за продолжување на реформите и за да бидеме во владата како дел што секогаш ќе алармира кога оваа влада ќе изгледа како минатата. Ние во моментов сме дел од Владата. Единствениот политички чинител во Владата кој сака Алијансата за Албанците да не биде таму, да нема владина коалиција е ДУИ и Али Ахмети. Ова беше кажано повеќе пати во текот на кампањата, дури имаше и констатации дека Алијансата ја напуштила коалицијата, вели Села и додава:

-Желбата на ДУИ, Алијансата да ја напушти Владата може да се исполни само ако извршната власт почне да личи на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Фатон Фазлиу, портпарол на движењето БЕСА за Алсат М изјави дека иако досега не одржале состанок со СДСМ за можно учество во владата во случај на реконструкција, вели дека ќе се анализираат сите можности за да станат дел од парламентарното мнозинство, ако станува збор за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

-Ние сите знаеме дека оваа влада се повикува на реформи и одредени реформи требаше досега да го започнат патувањето на оваа земја кон евро-атлантските интеграции. Гледаме дека досега не постои таков момент, ако има ќе размислиме, а потоа ќе излеземе со конкретен став, вели Фазлиу од Беса.

Алијанса за Албанците Беса ДПА ДУИ Заев Села Фатон Фазлиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.