НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сервер предвидува: Во 2018, решение на спорот и напредок во НАТО и ЕУ

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.

– Да, решение, барем, за членство во НАТО, е можно во 2018 година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од Времената спогодба од 1995, условите (приликите) за тоа во моментов се ветувачки, истакнува Сервер.

За евентуалните реакции од Москва кога ќе дојде времето за прием на Македонија во НАТО и изјавата што во тој контекст ја даде премиерот Заев за црногорското радио „Антена 1“, Сервер наведува дека „Русите ќе пробаат се што можат за да ја спречат Македонија да влезе во Алијансата“.

– Притисок врз Грција, финансирање на анти-НАТО политичари, изнајмени демонстранти, интензивна пропаганда од РТ и Спутник, оружени провокации, дури атентат и државен удар, сето тоа ќе биде на нивното мени. Најдобро е да бидете подготвени за најлошото, вели Даниел Сервер во изјава за МИА.

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји минатата недела на дебата во Вашингтон изјави дека прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение. Шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас, пак, изјави дека очекува прашањето да биде затворено во првата половина на наредната година, а македонскиот премиер Зоран Заев, дека треба да се направи исчекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

Грција ЕУ Македонија НАТО Русија Сервер спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.