Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полувреме загревање, полувреме „мелење“: Вардарки го решија Тирингер

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2017 21:31

Нова, шеста, причина за задоволство добија навивачите на ЖРК Вардар од нивните миленички во ЕХФ Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ девојки славеа над Тирингер со 29:21 (полувреме 12:12) во последното коло од прелиминарната фаза во елитното натпреварување и на зимски клупски распуст заминуваат со максимален ефект во групата Ц од која ќе пренесат осум бода во главниот сегмент.

Бундеслигашот допатува во Скопје во редуциран состав со само девет ракометарки меѓу кои и двете голманки Краузе и Екерле. Но, тоа не беше проблем за тимот од Ерфурт да демонстрира германска упорност, посебно во првиот дел, пришто успеа во целост да му парира на македонскиот првак кој во два наврата имаше плус четири (10:6 и 11:7).

Нештата, сепак, дојдоа на свое во продолжение на средбата. По десетминутниот одмор Ирина Дибирова на терен ја испрати првата постава што набрзо почна да дава резултат. Вардарки се дадоа во резултатско „бегство“, со серија од 5:0 поведоа со 20:14 и не дозволија нималку надеж за враќање во живот на противникот.

Лакрабер со седум гола беше прв стрелец на натпреварот, еден повеќе од Лузумова, најефикасната ракометарка во поразената екипа.

Следува пауза во Лигата на шампиони што, пак, не значи и одмор за ракометарките. Последниот месец во 2017 година го носи и Светското првенство чиј домаќин е Германија, па добар дел од „црвено-црниот“ ростер ќе биде со репрезентативни обврски.

Враќање на клупските активности ќе има во јануари со натпревари од главната групна фаза во ЛШ. Ривали на вардарки во новоформираната група ќе бидат најдобрите три екипи од групата Д, а како такви на коло до крајот се Мец, Битигхајм и Будуќност.

ЖРК Вардар – Тирингер 29:21 (12:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 3.500. Судии: Георгиос Панаидес и Мариос Андреу (двајцата од Кипар).

ЖРК Вардар: Лејно, Мицевска, Суслина, Радичевиќ 6, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 5, Лазович 2, Пенезиќ 4, Керамичиева, Чанаџија, Лакрабер 7, Хмирова 3, Цвијиќ 2, Петровиќ, Ристовска. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 минути.

Тирингер: Краузе, Екерле, Шефкнехт 4, Мацуко 4, Шмелцер 4, Нидервизер 1, Лузумова 6, Јакубисова 2, Хубер. Тренер: Херберт Милер.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет Тирингер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.