НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еднонасочна фудбалска битка за Тетово: Шкендија броеше до 6 со Ренова

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија ја понижи Ренова со 6:1 во воведниот меч од 17. рунда во домашното фудбалско првенство. По два гола постигнаа Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, по еден потпишаа Стенио Жуниор и Шефит Шефити за „црвено-црните“, почесниот за номиналните домаќини беше дело на стоперот Ненад Мишковски.

Фудбалската битка за Тетово честопати во минатото била играчки неизвесна и резултатски тесна. Но, времињата се променија, па последното издание на градското дерби под Шара се претвори во еднонасочна претстава во која вицепрвакот од минатата сезона и лидер на табелата во тековната се потврди како фаворит во секој сегмент.

Голеадата на „Еколог арена“ ја отвори Бесарт Ибраими. Репрезентативниот напаѓач на Македонија се впиша во листата на стрелци по само три минути игра, а се додаде во неа и пола час подоцна. Сигурен егзекутор на најстрога казна во меѓувреме беше и капитенот Ферхан Хасани кој погоди и во 88 минута, Бразилецот Стенио Жуниор реализира во 48 минута, а Шефит Шефити во 81. Се што успеаја да сторат „сино-белите“ беше погодокот на централниот дефанзивец Мишковски на самиот почеток на вториот дел.

За утре од 13 часот се закажани уште три меча од 17. коло. Пелистер ќе биде домаќин на Шкупи, Силекс на Работнички, а во дербито на дното Скопје ја дочекува Победа. Поради настапот против Зенит во Санкт Петербург, Вардар својот дуел против Академија Пандев ќе го одигра на 10 декември.

Бесарт Ибраими Прва лига Ренова Ферхан Хасани фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.