НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малерот е пробиен: Пандев погоди, Џенова победи

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 СПОРТ
Фото: 90min.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горан Пандев, конечно, го постигна првенецот во Серија А во оваа сезона. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија погоди на „Марко Антонио Бентегоди“ во Верона за триумф на Џенова над истоимениот ривал со 1:0 во последниот натпревар од 15. коло.

Во листата на стрелци се впиша во втората минута од судиското екстра време на првиот дел, момент што до крајот на средбата се покажа како одлучувачки за победникот.

Пандев беше стартер во составот на Давиде Балардини и на терен беше до 64 минута во која му препушти место во тимот на Џанлука Лападула.

Вечерашната реализација е негова трета оваа есен, прва клупска. Двете претходни ги прослави во националниот дрес во победата над Норвешка, во пријателски меч, со 2:0 и во гостинскиот триумф над Израел (0:1) во квалифиакциите за СП 2018 во Русија.

По 15 рунди во калчолигата, Џенова е на 15 позиција на табелата со 13 бода и во наредното коло ќе игра против Аталанта на домашен терен.

Серија А, 15 коло

Верона – Џенова 0:1

Кротоне – Удинезе 0:3

Сампдорија – Лацио 1:2

Интер – Киево 5:0

Фиорентина – Сасуоло 3:0

Болоња – Калјари 1:1

Беневенто – Милан 2:2

Торино – Аталанта 1:1

Наполи – Јувентус 0:1

Рома – СПАЛ 3:1

Табела: Интер 39, Наполи 38, Јувентус 37, Рома 34 (-1), Лацио 32 (-1), Сампдорија 26 (-1), Фиорентина 21, Милан 21, Болоња 21, Аталанта 20, Торино 20, Киево 20, Калјари 16, Удинезе 15 (-1), Џенова 13, Кротоне 12, Сасуоло 11, СПАЛ 10, Верона 9, Беневенто 1.

Горан Пандев Италија Серија А фудбал Џенова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.