Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Скопје и Валандово против рудниците во Југоистокот

0
By Нова ТВ on December 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 8, 2017 13:32

Стотина граѓани денеска се собраа пред Владата за да дадат поддршка на граѓанските иницијативи од Југоистокот кои денеска во Валандово протестираат против рудниците Казандол, Иловица и Боров дол.

Како што велат тие, не се разочарани од малата излезност на протестниот за поддршка бидејќи сепак ова било само симболичен собир во знак на поддршка. Помеѓу присутните денеска беа и Бранимир Јовановиќ од Министерството за финансии, пратеничката Ивана Туфекџиќ, шефот на Кабинетот на градоначалникот на скопје, Никола Нааумовски како и Горан Милевски.

„Овде сме собрание да го поддржиме протестот во Валандово за изградбата на рудникот во Казандол. Тоа е сериозен проблем, како еколошки така и хуман, од секој аспект. Ќе се наруши котлината, подземните води, здравјето кај граѓаните и народот си го кажа своето на референдумите…нас не загрижува што оваа Влада се уште јасно не се изјаснила за рудниците“, вели Стојан Лешоски од „Еко Свест“, кој денеска присуствуваше на протестот.

Тој потсетува дека во екот на предизборието, Владата вели дека нема да има изградба на рудници, но за сега сеуште јавно не излегла со став за да ги расчисти сомнежите дека „рудниците на смртта“, како што ги нарекуваат активистите, ќе се изградат.

„Како граѓанска организација не треба да бидеме консултирани во однос на она што ќе биде преземено како крајни чекори, за тоа каков ќе биде исходот од активностите. Сметаме дека експертите треба да кажат зошто треба ден побрзо да се затвори тој комплекс и зошто не треба да се отвори таков комплекс во еколошки чиста околина. сметаме дека експертите треба да излезат со свое видување и со една детална анализа за тоа што знаеме дека фактите се на наша страна“, вели  Даниел Мирчевска од „Спас во Валандово“.

Како што дополнува таа, самото тоа што елаборатот за изградбата предвидува евакуација на населението кое е најблиску до областа, зборува за опасност и ризикот дека ќе бидат загадени подземните води како и животната средина а со тоа и здравјето на луѓето, како и земјоделските производи од Југоистокот.

Собирот траеше речиси еден час, а присутните делеа летоци на кои пишуваше „Стоп за Казандол“.

Во исто време протестен марш се одржува и во Валандово. Таму неколку стотици граѓани со транспаренти „Стоп за Казандол“,  „Не сакаме рудници на смртта“, „Ѕинго оди си од Валандово“ порачаа дека ќе се борат против изградбата и започнувањето со работа на овие рудници.

Боров дол Валандово Влада Иловица Казандол протести Рудници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.