Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прашањето е дали навистина Македонија сака да дише чист воздух

0
By Светлана Јовановска on December 14, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 14, 2017 15:31

Европската унија веќе 11 години работи на подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија. За жал, ниту една македонска власта веќе со години не успеала ефикасно да ја искористи оваа помош, да направи чекори против загадувањето и да ја разбери итноста на проблемот.

Прашањето што се поставува во ЕУ е – дали Македонија навистина сака да направи промена? Или се останува на политички изјави и убави желби?

НОВА побара одговор од надлежните на неколку прашање од оваа област во Владата. Но одговор не добивме.

На проектите на ЕУ во Македонија веќе со години работи Сари Лапи од Финска.

“Во овој момент најважно е општините во кои е најголемо загадувањето да почнат да ги применуваат мерките за квалитетот на воздухот. Со помош на ЕУ подготвивме планови за подобрување на квалитетот на воздухот за скопскиот регион и општината Тетово. Овие планови вклучуваат широка лепеза мерки. Ако тие бидат применети тоа долгорочно ќе го подобри квалитетот на воздухот”, вели Лапи.

Според неа, мерките се фокусирани на три главни сектори: сообраќајот, горењето дрва за греење и индустријата.

Индустријата е главно покриена со националното законодавство и, барем во Скопје, не е најголемиот загадувач. Но на сообраќајот и горењето дрва за греење е мора да почне да се работи. Има многу начини тоа да се направи.

На пример, вели таа, во Скопје треба да биде проширена мрежата на централно греење и повеќе живеалишта да бидат приклучени до оваа мрежа. Се разбира ова чини многу пари и тука треба да се фокусираат напорите во иднина.

“Но постојат мерки кои не се скапи и што секој од нас може да ги примени. На пример, ако мораме да се грееме на дрва и немаме друг начин, тогаш мораме да гориме суви дрва а не пластика или други материјали. Тоа е многу важно. Или употребата на автомобили. Дали на секој нас навистина му треба автомобилот за секој ден? Дали можеме да се договориме и да користиме иста кола со колегите и пријателите? Значи има многу работи што секој од нас граѓаните може да ги направи. Покрај сето тоа што локалната и централната власт и претпријатијата можат да го прават”, советува Лапи.

И ги дава примерот на австрискиот град Грац:

“Пример е австрискиот град Грац. Тие имаат слична клима и топографија како тука. Имаа големи концентрации на ПМ честички. Сериозно почнаа да работат во текот на 20 години и сега мерењата покажуваат дека најчесто вредностите на загадувањето не се надминуваат. Ним им требаа 20 години”, вели таа.

И додава:

“Дури и ако некои од мерките почнат да се применуваат веднаш, нема да видиме значителна промена во недели или месеци. Точно е тоа дека се потребни години. Но, многу зависи и од тоа како се употребуваат фондовите и колку треба да бидат ефикасни мерките. Ако се почне веднаш со барем неколку мерки резултати ќе можат да се видат. Одлуката е во одговорот на прашањето – дали навистина силно сакаме да направиме промена?”, се прашува Финкињата.

 

воздух горењето дрва за греење Грац ЕК ЕУ Загадување индустријата мерки сообраќајот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.