НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗОИ 2018: Северна Кореја со 22 спортисти во Пјонгчанг

0
By Нова ТВ on January 20, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Корејскиот полуостров влегува во нова, позитивна, фаза во соседските односи. Барем такви се надежите на светската јавност, а како причина за посакуваното затоплување е спортот, поточно, Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Јужнокорејскиот град домаќин се наоѓа на само 80 километри од „блиндираната“ граница на север од каде е потврдено учество на 22 олимпијци во три спорта (лизгање, скијање и хокеј на мраз) на претстојниот планетарен настан.

Официјални претставници на Пјонгјанг и на Сеул претходно договорија заеднички марш под заедничко знаме на дефилето за време на свеченото отворање на Игрите. Договорено е учество и со единствен тим во хокеј на мраз на женскиот турнир, истакнуваат од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

„Денешниот ден е пресвртница на едно долго патување“, порача Томас Бах, претседател на ИОК, кој додаде дека ваква спогодба меѓу двете страни била незамислива пред само неколку недели и притоа изрази надеж дека „Зимската олимпијада ќе отвори врата за посветла иднина на корејскиот полуостров.

Покрај спортистите, во олимписката делегација на Северна Кореја, како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, ќе има и 24 официјална лица и 21 новинар.

Северот ја испраќа женската музичка група „Моранбонг“ на југ

Министерството за обединување на Јужна Кореја преку соопштение ја извести јавноста дека викендот (недела) очекува севернокорејска делегација со цел да изврши увид во текот на подготовки за настап на женската уметничка група „Моранбонг“ на Игрите во Пјонгчанг. Девојките со статус на ѕвезди во најзатворената земја во светот се директно бирани од лидерот Ким Јонг Ун, оркестарот брои вкупно 140 члена и за нив се договорени два настапа кај јужниот сосед за време на Олимпијадата.

Самото присуството на Северна Кореја на Игрите во Јужна Кореја, настапот на нејзините спортисти, но и ангажманот на „Моранбонг“ се толкува како еден вид на дипломатски успех по повеќемесечните тензии севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе започнат на 9 февруари и ќе траат до 25 февруари.

ЗОИ 2018 ИОК Пјончанг Северна Кореја Томас Бах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.