НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието „закочено“ на утврдување на дневниот ред

0
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако опозицијата поднесе над 30.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците, по непотпишувањето на законот од страна на Претседателот, пратениците во Собранието минуваат низ несогласувања и потешкотии за воопшто да расправаат по законот.

Тензијата се зголеми кога собранискиот спикер, Талат Џафери, не им даде право на процедурална забелешка на координаторите на пратеничката група, бидејќи како што рече тој, координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев не бил присутен во Парламентот.

– По одржувањето на конгресот и формирањето на партиските тела, незванично ме известија од партијата дека работите во Собранието до званичо избирање на нов координатор, ќе ги координира пратеникот Владимир Ѓорчев. Истиот не е тука и немате право на процедурално, рече Џафери со што предизвика негодување кај пратениците од оваа партија.

Дел од нив станаа од своите места и излегоа на говорницата за да се разберат со Џафери.

Потоа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара збор и го замоли Џафери во име на досегашната соработка да се држи, како што рече, до формално-правните обврски.

-Се наоѓаме во момент во кој сме збунети, толкав број амандмани и вие и СДСМ не можете да разберете дека треба да слушнете туѓо мислење, дека експертската јавност мисли поинаку од она што вие имате намера да го направите со Законот за јазици. Како долгогодишен колега ве замолувам да се држиме до форма. Точно е во смисла на тие разговори, но од формално правен аспект не е точно. Се уште немаме допис со промена на моделот според кој ќе функционираме како пратеници, рече Димовски.

Џафери продолжи со седницата и не им даде право на процедурална забелешка на неколкуте координатори на ВМРО-ДПМНЕ.

Се уште пратениците го немаат утврдено дневниот ред, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ постојано излегуваат и со процедурални забелешки бара поместувања или отфрлања на точки по што по секој предлог следуваат гласања кои опозицијата ги подржува, додека владејачкото мнозинство гиотфрла.

амандмани ВМРО-ДПМНЕ гласање дневен ред Закон за јазици Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.