НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Заев ги распродава државните интереси, ништо од ветеното

0
By Нова ТВ on February 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во статус на својот Фејсбук профил ја критикува Владата за попуштање, наместо за одбрана на интересите, во однос на нaдворешната политика, како и за неспроведување на ветените реформи.

-Она што Зоран Заев го нарекува “одлична надворешна политика”, за граѓаните и за нашата држава преставува распродажба на националните и државни интереси. Не е поентата да се биде актуелен во регионот по тоа што се попуштило, или отстапило, туку суштината е да се биде актуелен во сопствената земја застапувајќи ги државните и национални интереси. А во изминатот период Владата стана актуелна по попуштањето, но не и по одбраната на интересите, па се изроди закон за јазици кој е неуставен и хаотично однесување без концепт во поглед на спорот со јужниот сосед. Народот вели ако се среди сопствениот двор, тогаш може да се збори и за соседниот. А сликата за Македонија е далеку од розова. И она што премиерот вели дека е “свесен за некои пропусти во домашната политика” за граѓаните е хроничен хаос во секое поле и област што е директна последица на неспособноста да се менаџира со домашната економија, да се креираат реформи и унапредат состојбите, но и неспособност да се реализира ветеното. Ќе потсетам дека оваа влада велеше дека има темелна анализа за состојбите и пред да дојде ветуваше живот, но тој никако да стигне. Имаме африканизација и уназадување на Македонија во однос на сите критериуми, не само во поглед на демократијата и усовршениот политички терор на власта, туку и во здравството, образованието, науката, студентскиот стандард и младите, земјоделието, економијата. Опасното е тоа што принципите на работа на Заев во Струмица стануваат и принципи на работа во цела Македонија, тоа што во државата се случуваат десетици случаи на “Цареви Кули, Глобал, фамилијарни или пријателски тендери, 200.000€ по принципот евро за евро, живи луѓе ќе јадеме и сл..” и тоа не е нешто за фалење. Граѓаните се повеќе сфаќаат колку е сериозна ситуацијата и колку многу се пропушта да се направи. Зборот никако да се преточи во дело. Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата, пишува Мицкоски.

Како што може да се види од профилот, статуст е објавен во Белград, каде според партиското соопштение, утре тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Претходно денеска од партијата објавија соопштение дека Мицкоски бил во Загреб на средба со хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Андреј Пленковиќ и во Словенија, каде се сретнал со лидерот на СДС Јанез Јанша.

На средбите, како што велат од партијата се разговарало за збор за актуелната политичка состојба, можностите за меѓупартиска соработка, како и јакнење на регионалната поврзаност и искористување на политичките капацитети кои стојат на располагање.

 

Влада ВМРО-ДПМНЕ Заев Мицкоски надворешна политика реформи Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.