Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

То Вима: Преговорите сериозно се забрзуваат

0
By Нова ТВ on February 18, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 18, 2018 11:03

Постојат точки на поклопување на мислењата, но и позитивна клима по средбата во Виена, а клуч за конечен договор останува комбинацијата од постепена примена на ерга омнес со промена на Уставот, пишува весникот „То Вима“ во анализата за маратонските разговори на Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Како што пренесува МИА, новинарот коментира дека веќе треба да се смета за сигурно забрзувањето на разговорите, но и променетиот состав на инволвираните страни, бидејќи од ниво на преговарачи, преговорите сега се водат на ниво на министри за надворешни работи.

– Во јадрото на разговорите се наоѓа меѓународниот договор што ќе ја замени Времената спогодба од 1995 и ќе стане основен столб на идните односи меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија. Од оваа гледна точка, името што на крај ќе се одбере не е самото по себе „големиот трн“, барем за Атина, пишува „То Вима“.

Во однос на името, повикувајќи се на изјавите на македонскиот премиер, новинарот анализира дека предлозите на Нимиц што се со временска одредница веќе не се на преговарачката маса. По „Република Македонија (Скопје)“, што беше отфрлено од грчката страна, сега се чини дека и „Република Нова Македонија“, според „То Вима“, е името за кое не се разговара.

– Клучна точка останува комбинацијата на постепена примена на ерга омнес со промените во скопскиот Устав, што ги бара грчката страна. Не е јасно колкав напредок е постигнат во оваа точка, но од постоечките информации, Атина не е негативно настроена во однос на тоа да му даде „грејс период“ на Скопје за да го смени внатрешното име. Нормално, ќе треба да се договори точната формула според која ова ќе се направи, но и временскиот периодот (на пр. 1 година). – пишува весникот „То Вима“ во анализата, пренесува МИА.

Новинарот во анализата коментира дека според јавните изјави, македонската страна смета дека јазикот и идентитетот се прашањата за кои не може да се преговара. 

Грција Димитров Коѕијас Македонија преговори То Вима
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.