Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведочење на Села: Ме удираа со копје од знаме, новинарка ми се закани

2
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 14:21

Пратеникот Зијадин Села денеска во сведочењето пред судот за обидот за убиство изјави дека за време на насилствата во Собранието бил удиран во главата со монитор, копје од знаме и со даска.

Во присуство десетимината обвинети тој рече дека бил зашеметен и дезориентиран, поради што не се сеќава на дел од настаните на 27-ми април.

Тој додаде дека за време на нападот постојано со камера го снимала новинарка која зборувала со еден од напаѓачите, кој пак носел фантомка на главата и маица со број 6 и која го предупредила: „Сега ќе видите што ќе ви се случи“.

-Уште пред да влезе толпата, внатре со Рушити и Мемеди зборевме дали да се качиме во канцеларија или да одиме во прес салата. Кога тргнавме кон кацеларија пред нас застана „новинарката“, односно не знам што е точно по професија, инаку таа е личноста која цело време ме снимаше. Ми рече: „Никаде нема да одите, сега ќе видите што ќе ви се случи“, потсети Села и како што додаде него не му дозволувала културата да ја тргне од патот, па во тој момент се вратиле и влегле во прес салата.

Од нејзината снимка, рече тој, би можел да се види целиот напад.

Одговарајќи на прашање на обвинителот, Села рече дека не се сеќава на ликовите на напаѓачите.

– Ова треба да го утврди истрагата. Не е можно од сите напади да има снимка, само од мојот напад да нема. Не е можно при толку телефони, мојот напад да не бил снимен, рече Села.

Села истакна дека пред да бида нападнат добил директни закани за неговиот живот. Како што рече тој слушнал како некој извикува: „Еве го Села, каде ќе одиш, ќе те убиеме“.

-Последниот момент што го паметам е како паднав на колена и тогаш почнаа да ме удираат по глава и насекаде по телото. Пред да паднам, човек со кожно елече и со очила на главата рече „Еве го Села, ајде!“ , рече Села.

Тој  рече дека не ги познава луѓето кои го нападнале. Пред него како жив штит стоеле пратениците Сурија Рушити од Алијансата за Албанците и Реџаил Исмаили од ДУИ. Во еден момент се повлекле и го оставиле сам очи во очи со насилниците. Тогаш Села добил удари со тупаници и клоци.

На прашањето на обвинителот, дали некој се обидел да го одбрани, Села рече:

-Кога ги добив ударите од мониторот, копјето и даската без зашеметен и дезориентиран и не се сеќавам на се. Кога се повлекоа пратениците останав сам без одбрана, обезбедувањето се обидуваше да го одбрани Заев. Никој во толпата не се обиде да ми помогне мене. Ако ми помогнеше некој тогаш, ќе бев испратен со цвеќиња и аплауз, а не со тешки повреди, рече Села во сведочењето.

Притоа нагласи дека изгубил свест и се разбудил во болница.

– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец, рече Села.

По излегувањето од судот, тој обвини дека зад настаните што се случија во Собранието стојат политичари и политички партии.

– За да не ни се повтори вакво нешто, судот би требало да ги казни учесниците. Мислам дека зад целата оваа работа стои добро организирана шема од страна на одредени политичари и политички партии, рече Села, додавајќи дека денеска во судницата ги препознал напаѓачите.

Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот таткосе обвинети за обид за убиство на Села. Последните двајца беа уапсени во мај лани, како осомничени за физички напад и влечење на Села кој потоа во критична состојба заврши во болница.

Како што изјави обвинителот на едно од минатите рочишта, единствена причина поради која Села преживел, е што тепачите мислеле дека е веќе мртов.

Адвокатот на Села на минатото рочиште рече дека од обвинетите бараат 500.000 евра – материјални трошоци за лекување и нематеријални за претрпената физичка и душевна болка и повреда на личниот интегритет.

27.април закани Зијадин Села новинарка обид за убиство сведочење Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.