НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Исцелител“ во натпреварувачка конкуренција на „Бергамо филм митинг“

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот филм „Исцелител“ е избран во официјалната конкуренција на 36.меѓународен филмски фестивал во Италија, „Бергамо филм митинг“,во која ќе се натпреварува заедно со шест други филмови.

„Исцелител“ ќе биде прикажан на првата натпреварувачка вечер на фестивалот во 20 часот, а во наредните денови ќе има уште едно прикажување. Фестивалот во Бергамо се одржува од 10 до 18.март.

На фестивалот оваа година ќе се прикажат повеќе од 150 долгометражни, документарни и кратки филмови. Во склоп на фестивалот ќе се одржат и работилници, филмски маратони и изложби.

Оваа година ќе има ретроспектива и изложба на фотографии посветени на норвешката актерка Лив Улман која е специјален гостин на фестивалот. По повод 50-годишнината на Прашката пролет на фестивалот во фокус ќе бидат „Бунтовниците од 1968“, програма која ќе прикаже 7 филма од „Новиот бран“ на Чешко-Словачката кинематографија.

Во официјалната програма заедно со „Исцелител“ се добитникот на награда на фестивалот во Трибека „Смрзната мајка“ на Бодан Слама, добитникот на награда на филмскиот фестивал во Атина „Мобилни домови“ на Владимир Де Фонтенау и други.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

Бергамо Исцелител Италија награда натпревар фестивал филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.