НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жалбите на притворените за 27 април стигнаа во Врховниот суд

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Врховниот суд стигнаа жалбите за продолжувањето на притворите на осомничените за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април, потврдија за НОВА од судот.

Од судот не кажуваат колку точно жалби на одлуката на Апелација за продолжување на притворите се пристигнати. Велат дека станува збор за повеќе жалби,  за кои е оформен еден предмет. Ова значи дека Кривичниот совет на Врховниот суд ќе одлучува за сите заедно, а не одделно по секоја жалба.

„Стигнати се повеќе жалби за кои е оформен предмет по кој ќе одлучува судот“, изјавија од судот за НОВА, додавајќи дека штом ќе биде одлучено по нив, ќе излезат со известување.

Одлуката најрано може да се очекува кон средината на следната недела, бидејќи предметот со жалбите прво  треба да се достави до Обвинителството за одговор.

Адвокатот Игор Кичеец, кој е еден од бранителите на пратеникот Крсто Мукоски, за НОВА потврди дека поднеле жалба до Врховниот суд и дека очекуваат на Мукоски да му биде укинат притворот.

Кичеец вели дека покрај жалбата доставиле и дополнително барање таа да биде разгледувана на јавна седница, но досега, како што ни изјави, не добиле известување од судот дали нивниот предлог е прифатен.

Од судот, исто така, не можеа да потврдат дали ќе има јавна седница.

„Побаравме од судот јавна седница, но досега немаме добиено одговор оттаму. Ние и претходно баравме укинување на притворот. Мислам дека истрагата е при крај и очекуваме наскоро да добиеме и известување за завршена истрага во однос на делот кој се однесува на нашиот клиент. Сметам дека со самото тоа и основите за одредување на притвор – опасност од бегство, повторување на делото и влијание повеќе не постојат“, вели Кичеец, кој додава дека, според негово мислење, нема потреба ниту од замена на притворот со други поблаги мерки.

Во моментов во затворски притвор се пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Нивните колеги Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и пратеникот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски се во куќен притвор, додека на Жаклина Пешевска на барање на Обвинителството и беше укинат куќниот притвор и заменет со мерки на претпазливост.

Апелација, пред петнаесетина дена им го замени затворскиот притвор со куќен на Богдан Илиевски, Борис Дамовски и пратеникот Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Иван Цветановски – вработениот во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и Оливер Радулов од УБК. Истовремено, Апелација го потврди притворот за Мукоски и Василевски.

Инаку, од одлуката на Врховниот суд ќе се знае дали претчувствата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за комплетирање на нивната пратеничка група во Собранието биле оправдани.

„Се надевам и имам чувство дека многу брзо математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати и ВМРО-ДПМНЕ ќе може да се врати во Собранието и да биде целосно посветена на работата во Парламентот“, изјави Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев, минатиот викенд.

Неофицијално, извори во ВМРО-ДПМНЕ велат дека услов за враќање во Парламентот останува комплетирањето на пратеничката група, а тоа значи присуство на сите пратеници во Собранието.

27.април Апелација Врховен суд пратеници притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.