НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршни зборови во судењето за убиството на Алмир

0
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
Фото цивилмедиа.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Судот во Куманово денеска  ќе бидат изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.

Од Јавното обвинителство за ТВ 21 изјавиле дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и дека очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба.

На дирекно прашање дали делото ќе се преквалификува, обвинителката Сузана Кусигерска не одговорила. Според неа по денешното рочиште „се ќе било јасно“.

Четиригодишниот Алмир беше прегазен 25 јуни 2016 година, по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан Илиќ.

Во обид да избега од напаѓачите,Илиќ со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Илиќ. Тој, пак, тврди дека е жртва во пресметката.

На рочиштето што се одржа на 15 февруари, целиот случај е вратен од почеток.

Таткото на Алмир, Сеад Алиу и уште двајца негови роднини  се товарат за насилство.

Повеќе невладини организации, граѓански здруженија и граѓани досега одржаа неколку протести пред Обвинителството, откако прво во јавноста се слушнаа информации, а потоа потврди и лично новоизбраниот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски, дека делото убиство, во Виштото Јавно обинителство е преквалификувано во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Јовески одговарјаќи на новинарско прашање минатиот месец рече дека случајот во Обвинителството ќе започне од почеток. Од Обвинителството оттогаш нема информација до каде е случајот, а на 2 март се одржа уште еден протест, на кој учесниците посочија дека во меѓувреме е дозволено возилото со кое е прегазен Алмир да биде продадено.

На почетокот на овој месец за деталите од овој случај во Ноќното студиот на Телма говореше адвокатот на семејството на Алмир, Асмир Алиспахиќ.

Алмир завршни зборови судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.