Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓани го идентификуваа напаѓачот на Милевски – ОЈО поднесе обвинение

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 4, 2018 15:44

Откако пред два МВР на својата веб-страница објави фотографија од осомничениот напаѓач на пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, истражните органи со помош на граѓани го утврдија неговиот идентитет, а скопското Основно јавно обвинителство веќе денеска поднело обвинение против него, за кривично дело насилство.

„Денеска надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството  за внатрешни работи“, наведува Обвинителството во соопштението.

Фотографијата од осомничениот што МВР ја објави на својата веб-страница

Надлежниот обвинител заедно со обвинението до судот доставил и барање на обвинетиот, чиј идентитет не се наведува, да му биде одредена мерка притвор.

Министерството за внатрешни работи во понеделникот, по консултација со Јавен обвинител, објави фотографија од осомничениот и ги повика сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицето да пријават во полиција или во Обвинителството.

Милевски беше физички нападнат од засега непознато лице на 25 март, додека се движел по плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Како што тогаш изјави лидерот на ЛДП и пратеник, лицето без никаков повод и причина му се приближило и почнало да го удира со тупаници по главата.

Милевски за дел од медиумите изјави  дека е можно нападот да бил поради изгласаниот Закон за употреба на јазиците и производ на манипулации врз граѓаните кои не можат да ги проценат политичките случувања во Република Македонија, како и неуспешен обид да се попречи патот на земјава кон Европската Унија и НАТО.

Инаку, ова е втор пат МВР да идентификува и да пронајде осомничен со помош на граѓани, преку објавување на фотографија на својата официјална интернет-страница. Минатата година МВР објави фотографии со замрзнати кадри од снимки од собраниските камери за време на насилствата од 27 април и побара помош од граѓаните за идентификување и пронаоѓање на лицата од снимките.

Горан Милевски граѓани идентификуван напаѓач МВР напад обвинение ОЈО Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.