НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ се надева на 61 глас, за мнозинството потегот е погрешен

0
By Нова ТВ on April 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се подготвени со дискусија да ги изнесат сите факти и аргументи против 10-месечното владеење на актуелната Влада, изјави денеска координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, откако за утре во 11 часот беше и официјално закажана седницата за доверба на Владата, на барање токму на опозициската партија.

Данев апелираше до сите пратеници на утрешното гласање пред себе да го стават интересот на сите граѓаните на Република Македонија, а не како што рече,  партиските и личните интереси.

– Ако тие интереси ги водат, убеден сум дека ќе имаме над 61 глас, рече Данев.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ е потпишано од 41 пратеник, но за изгласување се потребни 61 глас.

Координаторот на владејачката СДСМ Томислав Тунтев, пак, изјави дека е поразително за една голема политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да бара изговор и да најде погрешен начин за да се врати во работата на Собранието.

– Ако ова е големата врата за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш навистина сме малку разочарани. Барањето е сосема легитимно и всушност нам ни отвора простор да ги реафирмираме сите позитивни политики на оваа Влада во последните 10 месеци, рече Тунтев.

Според него, пратениците од владејачките партии на утрешната седница ќе ја потсетат опозицијата на, како што кажа, криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во последните 10 години, зошто оваа држава се наоѓа на ова дереџе, а исто така ќе потсетат дека во овие 10 месеци Владата на Република Македонија ги презела сите активности за да ги отстрани и ублажи погубните политики што години наназад ги воделе поранешните влади.

Пратеникот Реџеп Мемети од БЕСА (од крилото на Африм Гаши) изјави дека тие нивниот став за прашањето за доверба на Владата ќе го искажат на седницата.

Ние, рече, нема да ја поддржиме оваа иницијатива, но нашиот став ќе го искажеме на утрешната седница. Тоа, како што кажа, не е во врска со разговорите за влегување на оваа партија во Владата на премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за доверба на Владата на барање на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево ја закажа за утре во 11 часот. Сите активности во Парламентот денеска се одложени. Дел од седниците се префрлени за во четврток, тоа се главно со реформски закони, а другите активности делумно поради исказот што во Судот го дава Џафери во врска со настаните поврзани со насилствата од 27 април минатата година.

Комисијата за прашања на избори и именувања за одложи седницата за 15 часот, а една од точките на дневен ред е и разрешување и именување на нови членови на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Беса ВМРО-ДПМНЕ гласање недоверба на Влада СДСМ седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.