Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична за Поповски од Агенција за вработување за џипот на Спасов

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА (архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 11, 2018 11:03

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за вработување В.П. (39) од Скопје поради злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил Буџетот на Република Македонија за 844.121 денари или 13.725 евра.

Како што информира МВР, В.П., како вршител на должност – директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во текот на 2016 година спротивно на Законот за јавни набавки, без спроведена законска постапка, на правно лице од Скопје му доделил работни задачи за санација на објект. На тој начин овозможил правното лице противправно да се стекне со имотна корист од 416.304 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.

Исто така, пријавениот во периодот од 28 октомври 2015 до 30 октомври 2016 година, спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила сопственост на АВРМ и без одобрување од Управниот одбор, на 28 октомври 2015 година склучил Договор за меѓусебна техничка соработка со Министерството за труд и социјална политика при имплементација на активни програми и мерки за вработување.

По основ на тој договор, на Министерството за труд и социјална политика му отстапил на користење четири возила сопственост на АВРМ. За отстапените возила, В.П. дал на користење и картички за гориво со одреден лимит за две бензински пумпи. За да овозможи користење на картичките за гориво бензинските пумпи, пријавениот издал и дупли идентификациски картички на име на лицата вработени како возачи во Агенцијата за вработување, a без нивно знаење.

Со користење на картички за гориво, во периодот од 28 октомври 2015 до 30 октомври 2016 година, било полнето гориво во вкупен износ од 427.817 денари на штета на буџетот на Република Македонија.

Како дополнителен заменик министер за труд во октомври 2016 година Диме Спасов учествуваше во сообраќајка токму во возило позајмено до Агенцијата за вработување. Тогашната министерка за труд Фросина Ременски тогаш објави дека ова возило било користено без документ за отстапување, додека од  Агенцијата тврдеа дека се е направено со договор.

За сообраќајката имаше обиди вината да ја преземе службениот возач на Спасов, но потоа таа верзија пропадна.

Влатко Поповски возила Диме Спасов кривична
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.