НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Божиновски ќе му се суди заедно со сите обвинети во „Шпион“

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На новинарот Зоран Божиновски ќе му се суди во предметот „Шпион“, информира денеска на рочиштето за овој предемт, што го презеде СЈО, судијата Владимир Туфегџиќ. Одлуката ја донесла судијката која досега му судела на Божиновски.

Божиновски е осомничен во случајот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон. Тој се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување од чл. 394 ст. 2, шпионажа од чл. 316 ст. 3 в.в со чл. 45 од КЗ и кривично дело уцена од чл. 259 ст. 2 в.в ст. 1 в.в со чл. 19 д КЗ.

Барањето за спојување на предметите, пак, го поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое што ја превзеде наделжноста за двата случаја.

Туфегџиќ му даде задолжение на СЈО да го прецизира обвинителниот акт и тоа до наредното рочиште закажано за 17 мај.

На денешното рочиште не присуствуваше адвокатот Еленко Миланов, кој доставил оправдување дека е на притворски предмет во Tетово.

Уредникот на порталот „Буре весник“, Зоран Божиновски беше уапсен на 21 април во Нови Сад и екстрадиран во Македонија. Божиновски  беше уапсен по барање на српското министерство за правда по меѓународната потерница која беше распишана против него, како осомничен во случајот „Шпион“, и беше во притвор од 22 април истата година.

Во јули 2016 против него беше поднесено обвинение поради постоење на основано сомнение за кривичните дела злосторничко здружување , шпионажа и уцена.

СЈО уште во август 2016 го побара предметот од ОЈО, но од Јавното обвинителство со кое тогаш раководеше Јован Илиевски воопшто не им одговораа.

Кривичниот суд во Скопје лани во јули го ослободи од притвор Божиновски, мерката притвор е заменета со друга мерка на претпазливост.

Тој повеќе пати во јавноста обвини дека случајот кој се води против него е наместен и монтиран заради неговото известување и критички објави кон власта.

Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд, но за дел од 18-те обвинети, меѓу кои е се и Маријан Ефремов и Горан Стојков, дел од постапката е вратена од почеток.

Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.

„Шпион“ Божиновски СЈО спојување судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.