НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По планот „3-6-9“, Владата подготвува план „18“

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По чистата препорака за пристапни преговори со унијата, Владата подготвува нов план „18“, што ќе биде фокусиран на она што треба да се стори до јунскиот Самит, кога земјава очекува да добие датум за почнување на преговорите.

„Фокусот сега ќе биде ставен на хармонизација на македонското законодавство со европската легислатива, но секако и на политичките и економските критериуми. Над 90 проценти од Планот 3-6-9 се реализирани“ рече Османи.

Османи рече дека во целиот процес на спроведување на планот 3-6-9 биле земени во предвид ставовите на граѓанските организации. Како пример го посочи Законот за бесплатна правна помош кој не беше донесен.

„Експертската јавност понуди амандмани на над 53 проценти од содржината на Законот и тој е доказ дека мнозинството нема да ја наметнува својата волја, дека мнозинството ќе го консултира цивилното општество во евроинтегративниот процес“ рече Османи.

Во процесот на донесувањето на реформските закони, посочи дека не бил постигнат генерален консензус со опозицијата и оти се преговарало фрагмантирано на различни теми, при што досега е постигнат успех и прифатени се голем дел на нивните забелешки.

Вицепремиерот за европски прашања смета дека Извештајот  на ЕК во кој Македонија доби чиста препорака за почнување преговори за членство е патоказ кој  покажува во кој правец треба да се движиме.

„Во Извештајот има позитивни, но и негативни забелешки, а нашата нова цел е мошне блиску. Тоа е јунскиот Самит на ЕУ каде очекуваме да добиеме датум за почеток на преговорите“ рече Османи.

Директорот на Евротинг, Љупчо Петковски кажа дека разликата од изминатите десет години кога се објавуваше Извештајот на ЕК, е тоа што живееме во еден поинаков контекст.

„На граѓаните не им значи тоа дали имаме чиста и неусловена или условена препорака, на граѓаните им значи тоа што три години по страшната политичка криза и една година по обидите ние да бидеме десороизирани, во Македонија конечно почнаа да се решаваат проблемите и предизвиците. Имаме чувство дека сега имаме Влада која покажа иницијатива и подготвеност да ги решава тие проблеми  и која покажува проактивност“ рече Петковски.

Во врска со Извештајот напомена дека во него освен позитивните забелешки, Македонија е претставена и како земја во која „не тече мед и млеко“ и додаде дека документот и препораката се почеток на еден пат кој ќе биде долг и напорен.

Фани Каранфилова Пановска од Институтот Отворено општество, нагласи дека и покрај тоа што е формулирана како  безусловна, во Извештајот има услов, а тоа е посветеност на реформите – во сферите за  владеењето на правото и човековите права,  економското управување и пред се управувањето со јавните финансии.

 

 

Влада Извештај Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.