НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Франс прес: Неуспех со името нема да значи крај на светот

0
By Нова ТВ on April 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев во изјава за агенцијата Франс прес изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување на решение за спорот со Грција околу името.

Тој, во изјавата што ја пренесува МИА, додава дека евентуалниот неуспех „не би значел крај на светот“.

– Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае засекогаш, нагласи Заев, додавајќи дека доколку „спорот не се реши, тоа нема да значи крај на светот“.

Премиерот Заев истакна дека Македонија ќе ја продолжи „европската програма на овој или на оној начин“.

Тој изјави дека голем дел од спорот околу името на Македонија е решен, но не сака да открие детали од преговорите, бидејќи „тоа може да го загрози процесот“.

Македонија неделава од Европската комисија доби чиста, неусловена препораки за отворање пристапни преговори за членство во Европската Унија.

Во извештајот земјава доби голем плус за добрососедските односи, договорот со Бугарија но проблемот со името, велат од ЕК, мора итно да се реши.

Македонскиот премиер денеска на прес-конференција во Владата рече дека фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови.

– Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави Заев.

Тој истакна дека дека е многу важно процесот да биде решен пред да се одлучува за датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ.

– Мислам дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде сите партиципиенти во државата би застанале заедно зад нешто што е согласно сочувувањето на нашето достоинство и нашиот идентитет, а водејќи грижа и за достоинството на грчката страна, рече премиерот.

В среда, на 25 април ќе се одржи нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена.

Инаку, грчката страна останува цврста на ставот дека договорот за името ќе биде постигнат само ако Скопје се согласи да го смени Уставот. Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, рече дека решавањето на спорот зависи од македонската страна.

„Ние сакаме комплетно решение да не создадеме нов проблем во следната деценија. Сакаме решение кое ќе има карактеристики на трајност, па затоа е неопходно да се промени Уставот. Доколку другата страна одговори на ова, ќе има договор, а ако не, тогаш договор нема да има. Јасно е. Топката е на нивна страна“, рече Јоргос Катругалос, заменик-министер за надворешни работи на Грција.

Грција ЕК ЕУ Зоран Заев решение спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.