Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спектакл на „Енфилд“: Ливерпул загази за Киев, Рома го забави (Видео)

0
By Нова ТВ on April 25, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 25, 2018 00:45

Мохамед Салах покажа зошто е египетски фудбалски фараон, омилена фигура во земјата на пирамидите во која доби преку еден милион гласови на последните претседателски избори (на толку неважечки ливчиња беше додадено неговото име), но и омилен лик меѓу навивачите на Ливерпул. Дека е еден од најдобрите фудбалери во моментот во светот, а можеби и најдобар покажа против неговиот поранешен клуб Рома во првиот полуфинален меч во Лигата на шампиони. Постигна два гола и запиша две асистенции во убедливата победа на „црвените“ со 5:2 што ги прави, речиси, финалисти во елитното клупско натпреварување.

Галопирачката брзина со која составот на Јирген Клоп тргна кон Киев, градот што УЕФА го одбра за промоција на континенталниот клупски фудбалски владетел за оваа сезона, сепак, успеа да го забави Рома и со два гола во финишот на средбата да задржи каква-таква отвореност на реваншот на „Олимпико“ на 2 мај. Римјаните на крајот може да бидат дури и задоволни и покрај петте примени гола на „Енфилд“ и барем седум дена да сонуваат за реприза на сензацијата што ја приредија против Барселона во четврт-финалето. Одиграа криминално лошо во одбраната со која Египќанецот едноставно си поигруваше како со лего коцкички и вистинско чудо е што не тргнуваа од центар на тревникот во Ливерпул уште најмалку два-три пати.

https://www.youtube.com/watch?v=PY-H4MdVR-g

Салах погоди во 36. минута и во првата од судиското екстра време на првиот дел по асистенции на Фирмињо, му возврати на Бразилецот со додавање за реализација во 61. минута, претходно, во 56. минута, и за Мане. Петтиот погодок за Ливерпул беше дело на Фирмињо во 69. минута по асистенција на Милнер. И тука застана „мелењето“ на калчолигашот. Ростерот на Клоп како да се задоволи со дотогашниот ефект, па нешто поопуштената игра ја искористија гостите од Рим кои со два гола избегнаа нов дебакл на Островот налик на оној од Манчестер јунајтед (7:1) пред неколку години. Во живот ги остави Един Џеко со голот во 81. минута на кого се надоврза и Пероти по четири минути од пенал што го изнуди Раџа Најнголан.

Во второто полуфинале во шампионската Лига ќе разигруваат Баерн Минхен и Реал Мадрид. Првиот судир од двомечот е вечерва (среда) од 20.45 часот на „Алијанц арена“.

Ливерпул Лига на шампиони Мохамед Салах Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.