НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кил го чека пекол во Скопје: Вардар по печат на визата за Фајналфор

0
By Нова ТВ on April 29, 2018 СПОРТ
Фото: rk.vardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот меч во Германија е минато, предноста од еден гол (29:28) во „Шпаркасе арена“ се става настрана, а во реваншот се влегува како да е 0:0. Ракометарите на Вардар попладнево од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ ја бијат решавачката битка за ново учество на Фајналфор турнирите во Лигата на шампиони што носи и нов предизвик. Ако мисијата лани беше освојување на престижниот трофеј, оваа година се однесува на негова одбрана. На пат до Келн стои Кил кој никако не смее да се потцени и покрај негативата со која допатува во Скопје. За тоа се свесни до последен во ростерот на Раул Гонзалез, знаат дека ќе настапат за последен пат на домашен терен како целина, најавуваат натпревар полн со емоции и очекуваат дека нема да паднат под притисокот што е присутен како последица на сплет на околности.

„Ќе играме за последен пат како домаќини во Лигата на шампиони во оваа сезона. Имаме залиха од еден гол и тоа е добро, но не смееме да се опуштиме. Кил поседува квалитет, располага со поединци кои ќе знаат да се снајдат во Скопје. Во првиот меч се соочивме со доста проблеми со нивната дефанзивна формација 3-2-1 за што овојпат сме подготвени. Сите сметаат дека ќе немаме проблем во нашата сала, сите очекуваат триумф од нас, но ќе играме под притисок, ќе биде тешко. Наспроти нас е одличен ривал“, нагласува Раул Гонзалез, тренерот на вардарци, кој од наредната натпреварувачка сезона го презема кормилото на ПСЖ.

Она што е сигурно е дека европскиот првак го очекува френетична поддршка од трибините што, пак, ќе претставува пекол за германскиот претставник. Капацитетот на салата беше распродаден по само неколку часа од пуштање во продажба на влезниците. Очекувањата на гледачите се единствени. Посакуваат нова голема игра од нивните миленици и причина за уште една заедничка прослава на пласман на спектаклот во Келн.

„Имаме гол повеќе од Кил, но тој меч го заборавиме и во реваншот ќе влеземе како да е 0:0. Да не заборавиме дека Кил е еден од најдобрите клубови во ракометната историја. Го респектираме противникот, но фокусирани сме на нас, нашата игра и желбата за повторен настап на Фајналфорот што е единствена опција“, порачува кружниот напаѓач, Стојанче Стоилов, стрелец на пет погодоци во „Шпаркасе арена“.

Прв учесник на завршниот турнир е тимот на ПСЖ кој и во реваншот славеше на Кјелце со 35:32. Покрај дуелот во Скопје меѓу Вардар и Кил, попладнево и преостанатите две реванш четвртфинални пресметки во кои Скјерн е домаќин на Нант на Кире Лазаров од 16.50 часот, а Монпелје на Фленсбург од 19 часот.

Лига на шампиони

Четвртфинални мечеви, реванши

Вардар – Кил (29:28)

Скјерн – Нант (27:33)

Монпелје – Фленсбург (28:28)

ПСЖ – Кјелце 35:32

Во заграда се резултати од првите средби.

Вардар Кил Лига на шампиони ракомет Раул Гонзалез Стојанче Стоилов Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.