НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорката на неготинската гимназија си поднесе оставка

0
By Нова ТВ on April 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорката на неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Менча Зафирова од морални причини поднесе оставка, по настаните и обвинувањата поврзани со екскурзијата на средношколците во Италија.

Од Службата за односи со јавноста на Општина Неготино се наведува дека и покрај одличната соработка и многуте започнати и реализирани проекти со цел подобрување на условите за непречено одвивање на наставно-образовниот процес во училиштето, директорката Зафирова, иако, како што стои, не е директно виновна за случувањата на екскурзијата, од морални причини до градоначалникот Тони Делков доставила писмена оставка на функцијата вршител на должноста директор.

Градоначалникот Делков ја прифатил оставката, се заблагодарил на досегашната одлична соработка и најавил постапување согласно неговите законски овластувања.

Случајот со неготинските средношколци во јавноста стана актуелен преку два проблеми, од кои едниот го посочија родители на двајца ученици, кои биле оставени во хотелот во Италија, додека групата заминала на еднодневна екскурзија во Франција.

Другиот проблем го објави агенцијата организатор, која информира дека поради недоличното однесување на дел од учениците од оваа група, агенцијата партнер од Белград која посредува во организирање на екскурзијата, ја прекинува сорабоката со нив, а италијанските партнери не сакаат повеќе гости ученици од Македонија.

Во некои медиуми беа објавени згрозувачки фотографии од вршење нужда на подот на хотелски тоалет.

Советот на родители ја обвини Агенцијата која го организирала патувањето, а случајот го испитува и Министерството за образование и наука.

Од Министерството пред десетина дена соопштија дека ќе се бара одговорност од наставниците и директорот во случајот со екскурзијата, а Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки.

директорка екскурзија Италија неготинска гимназија оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.