НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Вест Хем се спаси, ВБА можеби, Стоук во Чемпионшип

0
By Нова ТВ on May 5, 2018 СПОРТ
Фото: twitter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се слави во источен Лондон, се негува надеж во Бирмингам, разочарување во Страфордшир. Вест Хем го совлада Лестер со 2:0 и на коло до крајот на сезоната обезбеди опстанок во Премиерлигата. По еден гол на популарните „чекани“ во обата дела на „Кинг Пауер“ стадионот за потврда дека не мрдаат од англиската фудбалска елита. Атак на трите бода најави Жоао Марио во 34. минута што ги запечати Марк Нобл во 64. минута.

Фудбалерите на Вест Бромвич Албион продолжуваат со шокантните настапи, во позитивна смисла, во финишот на првенството. И петти пат во низа успеаја да останат непоразени, а што е уште поважно за нив и нивните фанови го запишаа третиот триумф во низа и ги оживеаја надежите за одбрана на премиерлигашкиот статус. Со погодокот на Џек Ливермор во втората минута од судиското екстра време на „Хауторнс“ падна Тотенхем со 1:0. Само шестата победа во сезоната значи шанса плус за ВБА дека би можел, во сплет на околности, и во наредната да биде дел од премиерлигашкото друштво. Тимот од Бирмингам е претпоследен со 31 бод и во последното коло ќе гостува кај Кристал палас.

Стоук по 15 години минати во Премиерлигата се сели во понизок натпреварувачки ранг. „Потерси“ загубија од Кристал палас со 1:2 и загубија секакви шанси за опстанок во елитата. А, тргнаа како што посакуваа. Поведоа со погодокот на Џердан Шаќири во 43. минута, но второто полувреме донесе тотално разочарување за присутните на „Британија“. Џејмс Мекартур во 68. минута и Патрик ван Анхолт во 86. минута ги „спакуваа“ домашните на пат кон втора лига.

Евертон и Саутемтпон одиграа 1:1 во последниот дуел од саботната програма во Премиерлигата.

Премиерлига

Резултати, 37. коло

Евертон – Саутемтпон 1:1

ВБА – Тотенхем 1:0

Вотфорд – Њукасл 2:1

Лестер – Вест Хем 0:2

Борнмут – Свонси 1:0

Стоук – Кристал палас 1:2

Брајтон – Манчестер јунајтед 1:0

Недела

Манчестер сити – Хадерсфилд (14.30 ч.)

Арсенал – Барнли (17.30 ч.)

Челзи – Ливерпул (17.30 ч.)

Табела: Манчестер сити 93 (-2), Манчестер јунајтед 77 (-1), Ливерпул 72 (-1), Тотенхем 71 (-1), Челзи 66 (-2), Арсенал 57 (-2), Барнли 54 (-1), Евертон 49, Лестер 44 (-1), Њукасл 41 (-1), Кристал палас 41, Борнмут 41, Вотфорд 41, Брајтон 40 (-1), Вест Хем 36 (-1), Хадерсфилд 35 (-2), Саутемптон 33 (-1), Свонси 33 (-1), ВБА 31, Стоук 30.

ВБА Вест Хем Опстанок Премиерлига Стоук фудбал Чемпионшип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.