НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Под ниво кога беше најпотребно: Вардар го препушти тронот во ЛШ

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пехарот во ракометната Лига на шампиони и деветта година во низа ќе добие различен сопственик. Вардар одигра под препознатливото ниво кога беше најпотребно и загуби од Монпелје во полуфиналето со 27:28 (полувреме: 11:14). Лука Циндриќ и Вуко Борозан беа најефикасни во вардаровиот табор и постигнаа по шест погодоци колку и Мелвин Ричардсон за победничката екипа во која најмногу (осум) реализира Валентин Порт.

Раул Гонзалез беше во право за предупредувањата во најава дека играчите на Монпелје имаат фантастично брза транзиција, молскавично казнуваат од брз центар и одлично се снаоѓаат во ситуација „еден на еден“. „Црвено-црните“ го почувствуваа тоа во „Ланксес арена“, но не успеаја да се справат со тестот иако ривалот не изненади со ништо.

Вардаровиот напад беше на ниво на полуфинале со 27 постигнати голови, но одбраната прими еден повеќе и токму во тој сегмент лежи причината за конечниот исход да биде каков што е. Овојпат затаија и голманите кои заедно впишаа само четири одбрани од кои три зад името на Страхиња Милиќ, а дополнителен проблем за сега веќе поранешниот европски првак беше повредата на Арпад Штербик во првото полувреме.

Нант во првото полуфинале го совлада фаворизираниот ПСЖ со 32:28 (полувреме 17:14) и во дебитантското учество на Фајналфор турнирите ќе игра за титула во Лигата на шампиони. Решавачки фактор во историскиот меч на тимот од францускиот запад беше капитенот на македонската репрезентација беше Кире Лазаров. Постигна осум гола, најдобар стрелец кај „светците“ беше Недим Ремили со 6.

Утре попладне (15.15 ч.) „црвено-црните“ ќе играат против ПСЖ за бронзениот медал, од 18 часот е големото финале меѓу Монпелје и Нант.

Лига на шампиони – Келн 2018

Полуфинале

Вардар – Монпелје 27:28 (11:14)

Нант – ПСЖ 32:28 (17:14)

Недела

За трето место: Вардар – ПСЖ (15.15 ч.)

Финале: Монпелје – Нант (18 ч.)

Вардар Лига на шампиони Монпелје Полуфинале ракомет Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.