НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ништо ново во Лигата на шампиони: Реал Мадрид до 13. титула

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрија ја одбрани титулата во фудбалската Лига на шампиони. Третата во низа „кралевите“ ја осигураа со триумф против Ливерпул со 3:1 во финалето во Киев пришто главна ѕвезда на Олимпискиот стадион во украинската престолнина вечерва беше Герет Бејл.

Велшанецот постигна два прекрасни гола од кои особено спектакуларен беше првиот на кој му претходеше удар со ножички во 64. минута по асистенција на Марсело. Вториот, исто така, фантастичен, со удар од дистанца во 83. минута за промоција на мадриѓани како први што успеале да ја покорат конкуренцијата трипати во низа. Во листата на стрелци се запиша и Карим Бензема во 51. минута.

Мајската вечер во Киев ќе остане длабоко врежана во главата на Лорис Кариус. Германецот меѓу стативите на „црвените“ му кумуваше на поразот на премиерлигашот со подарокот за Бензема за 1:0 на Реал Мадрид и за „меките“ раце при шутот од преку 25 метри на Бејл за 3:1. Единствениот за составот на Јирген Клоп беше дело на Садио Мане во 55 минута.

Финалето во Лигата на шампиони, сепак, беше исплакнато со солзи. Покрај Кариус, кој по мечот побара и доби утеха од соиграчите, од противникот и од фановите на Ливерпул за киксевите што ги направи, мечот предвреме мораа да го завршат и Мохамед Салах и Даниел Карвахал поради повреди.

Герет Бејл Ливерпул Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.