НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работа има, работници нема: 440.000 празни работни места во Германија

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работа има, работници нема. Германија има потреба од работна сила како никогаш досега, а анализите упатуваат на загуби на нејзината екононија од 30 милијарди евра на годишно ниво. На проблемот со дефицит со работници веќе подолго време укажуваат се повеќе компании во земјата.

Моментно на пазарот недостасуваат 440.000 висококвалификуван кадар од кои 50.000 инженери во електроиндустријата, 55.000 стручњаци во ИТ секторот, а во секторот производство на машини е распишан конкурс за 11.000 работни места што е речиси за 50 отсто повеќе од 2017 година.

Дури 60 отсто од германските компании истакнуваат дека недостатокот на квалификувана работна сила е најголем проблем со кој се соочуваат. Тоа е причина што секоја петта фирма го пренасочува фокусот кон други региони во потрага по млади таленти додека паралелно соработува со образовните установи и работи на преквалификација на постоечкиот кадар.

Дел од фирмите (16 отсто) воведоа и флексибилни работни модели како „џоб шеринг“, 13 отсто од нив изразија подготвеност да ангажираат и кандидати без бараните квалификации, но под услов за потенцијал за иден развој.

Една од целите на германската влада е полна вработеност до 2025 година. Прогнозите, пак, се песимистички и во дел од нив се наведува дека до 2030 година земјата ќе има потреба од три милиони работници.

Германија дефицит економија Пазар Работна сила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.