Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија на чело на ЕУ: Фокус на буџет, миграции, безбедност, Брегзит

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 30, 2018 12:48

Австрија од утре го презема шестмесечното претседавање со Европската унија (ЕУ) во чувствителен момент, посебно поради очекуваното завршување на договорот за Брегзит и буџетот на Унијата.

Третпат по 1998 и 2006 година, Австрија ќе претседава со ЕУ, овојпат под мотото „Европа која штити“, чии главни приоритети ќе бидат миграциите и прашањата за безбедноста и конкурентноста на ЕУ, но и натамошното приближување на земјите од Западен Балкан кон Унијата.

Австрија, која подолг период се ангажира околу регионот на Западен Балкан, сака да го задржи фокусот што Бугарија го насочи кон овој регион за време на своето претседавање.

Освен тоа, една од целите на официјална Виена е подобрување на односите на ЕУ со земји како што се Русија и Израел.

ЕУ, како што истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц, треба да се занимава со големи прашања, како што е заштита на надворешните граници или надворешната политика, а да се повлече од помалите прашања што треба да останат во надлежност на националните влади, регионите и локалните власти.

Голем предизвик за Австрија ќе биде постигнување договор за буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година бидејќи Виена бара да не се зголемуваат уплатите за државите кои се нето-уплатувачи, како што е Австрија, и тоа поради излезот на Велика Британија од европското семејство.

Исто така, и Брегзит е голема тема со која ќе се соочи Австрија, бидејќи се очекува да се постигне договор до октомври, за да може процесот на ратификација да заврши до крајот на март следната година.

Засега е неизвесно дали ќе се успее во тоа, бидејќи и главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние неодамна во Виена изрази загриженост дали воопшто ќе биде постигнат договор.

Инаку, претходните две претседавања на Австрија беа во време на криза. Во 1998 година во фокусот на интересирањето на светската јавност беше пред се косовскиот конфликт, а во 2006 година во тој период се случи уставна криза на Унијата бидејќи Франција и Холандија одбија договор.

Во текот на сегашното претседавање предвидени се околу 300 собири во Австрија меѓу кои и 13 неофицијални совети.

Трошоците за претседавањето се проценуваат на околу 43 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека би можеле да бидат и двојно поголеми.

Канцеларот Курц на 3 јули ќе се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, а на 5 и 6 јули еврокомесарите ќе допатуваат во посета на Виена.

Австрија безбедност брегзит буџет ЕУ миграции надворешна политика Претседавање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.